Акција: МАКЕДОНИЈА ДА НЕ УВЕЗУВА ГМО ХРАНА


Македонија да не увезува ГМО храна е главна препорака која се истакна на завршната конференција „Влијанието на генетски модифицираната храна врз младите луѓе“ која ја организираше Коалицијата на младински организации СЕГА како дел од проектот COHEIRS „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост”, во Скопје.

gmo-stop-600x399Покрај Стоп за увоз на ГМО храната, извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиевски ги презентираше и останатите препораките од досегашните панел дискусии и кои се во насока на поголема контрола врз храна и суовините кои се увезуваат. Покрај овие препораки, посочено е и Македонија да не произведува ГМО храна, редовно да се тестираат семињата и семенските материјали кои се увезуваат, но ако се дозволи увоз на ГМО храна, истата да биде видливо обележана на надворешното пакување. На завршната конференција во Скопје свои излагања имаа проф. Д-р Зоран Поповски раководител на катедрата за биохемија генетско инженерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, асистент д-р Игор Есмеров од Факултетот за ветеринарни науки и и д-р. Слаѓана Велков.

Целта на панел дискусиите кои беа организирани во Скопје, Прилеп, Битола и Свети Николе е јавноста подетално и поопширно да се запознае со генетски модифицирана храна (ГМО), потоа да се појаснат поимите поврзани со ГМО храната, легислативата во Европската Унија и Македонија повразана со ГМО, контролата на истата храна, како и евентуалните ризици и последици кои може да ги има врз здравјето на луѓето од користењето на генетски модифицираната храна

gmo domatЗоран Илиески извршен директор на Коалиција СЕГА: „Со овие дискусии кои ги организиравме сакавме на јавноста да и ја зголемиме свесноста за користењето на ГМО храната, како и да ги пренесеме различните мислења поврзани со оваа тема. Прeпораките кои ги искажавме на оваа конференција јасно укажува дека јавноста не сака да конзумира и ГМО храната да биде дел од нивната исхрана. Потребна е и поголема контрола врз сите прозиводи и храна која се увезува, со цел јавноста биде заштитена од несакани последици“.

Проектот „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост“ (Civic Observers for Health and Environment: Initiative for Responsibility and Sustainability COHEIRS) се спроведува во 12 земји од Европа меѓу кои е и Македонија и е поддржан од програмата Citizen for Europe, а го спроведуваат Асоцијација на агенции за локална демократија (ALDA) во партнерство со Коалицијата за младински организации СЕГА.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р.Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 29 членки.

Остави коментар