АЛАРМ – Џабе се пазиме: Нови прописи – Животните во Македонија ќе јадат ГМО храна


Од октомври животните во државава може да се хранат со генски модифицирана храна. Правилникот за условите за издавање одобрение за ставање во промет на ГМО-храна е готов и пред неколку дена е излезен во „Службен весник“. Во Агенцијата за храна велат дека правилникот е само синхронизиран со европските закони и дека Македонија не е ништо различна од другите земји, пишува Дневник.

За нецели четириесетина дена сите фирми што се заинтересирани за увоз, со посебно одобрение може да увезуваат и произведуваат храна за животни што содржи ГМО.

makedonija gmo111– Храната наменета за животни, која содржи ГМО, не треба да има негативни влијанија врз здравјето на луѓето, да е правилно декларирана, а увозникот или производителот мора да има посебно одобрение од Агенцијата за храна кое важи десет години од денот на донесување. Фирмата што увезува или преработува ваква храна мора веднаш да ја извести Агенцијата ако за одредена храна што се користи кај нас, а е ГМО, има забрани или ограничувања во ЕУ – стои во правилникот.

Посебно обележување на сточната храна не е потребно ако таа во својот состав има помалку од 0,9 отсто храна произведена како ГМО. Во спротивно, на декларацијата мора да стои дека крмната смеса е генски модифицирана.

Професор од факултетот за земјоделство Борис Анакиев, за Дневник  вели дека е многу краток периодот за да може да се види штетното влијание на оваа храна врз животните, а индиректно и врз луѓето кои пијат млеко и јадат месо добиено од животни хранети со ГМО.

gm_corn_grenade_5– Во земјава масовно влегува месо од Аргентина, а таа е една од најголемите производители на ГМО. Рано е да се зборува за тоа какви ефекти има оваа храна, бидејќи поминати се само петнаесетина години. Битно е засега само да има регулатива за тоа што е дозволено, а што не кај нас и таа да се почитува – дециден е Анакиев.

За земјоделците најбитно е што ќе се случи со домашната сточна храна. А за штетноста од неа оставаат да решаваат експертите.

– ГМО-храната е голема конкуренција за нас. Таа е далеку поевтина од пченката или јачменот што се произведуваат кај нас. Ако се дозволи, масовно ќе се увезува храна за животни и тогаш нашата ќе остане по нивите – вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.

Граѓаните мора да се заштитени и да им се даде избор дали ќе јадат ГМО-храна, посочуваат нутриционистите. За нив повеќе од веројатно е дека на пазарот има храна со ГМО, особено кај онаа од животинско потекло, која не доаѓа од ЕУ.

– Ако животното е хрането со пченка или со соја со ГМО, тоа значи дека месото, путерот или сирењето добиени од такви животни може да содржи генетички модифицирани организми – објаснуваат тие.

Извор – Дневник 

1 Comment

  1. gmo free says:

    тогаш да не ги јадеме животните!!!

Остави коментар