Читајте ги декларациите кога купувате храна – се и сешто има во маркетите


Означувањето, безбедноста и чувањето на храната, рокот и датумот на производство, како и нутритивните својства на продуктите се уште се најчестите поплаки на потрошувачите по пазарењето.

Deklaracija02-500x304

Сепак, тие мора да посветат поголемо внимание кога го прават изборот иако притоа, особено е значајна и одговорноста на трговците во малопродажната мрежа зашто стојат зад понудата.

Ова беше речено на конференција во Тетово годинава по повод почетокот на кампањата „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“.

Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, минатата година се доставени околу 130 претставки од граѓаните најмногу околу нехигиената, изминатите рокови и несоодветните декларации на пренрамбрените производи.

Supermarket

Притоа во сите случаи каде што биле констаирани прекршувања на Законот за заштита на храната се преземени соодветни санкции и се поднесени прекршочни пријави.

Рунтевски и директорката на Организацијата на потрошувачи на Македонија Маријана Лончар ја нагласија потреабата од поголема информираност и едукација на граѓаните кога станува збор за храната.

– За таа цел изготвени се и соодветни брошури со сите неопходни информации за безбедноста на храната.

Целта на кампањата беше потрошувачите да се информираат за безбедноста на храната, означувањето на адитивите, ГМО, алергените, нутритивните состојки.

Остави коментар