Човечки гени во вашата храна? ГМО ориз со човечки гени наскоро на пазарот


Првата генетски модифицирана храна која содржи човечки гени наскоро ќе биде пуштена во продажба.
Оризот произведен во лабараторија содржи човечки протеини кои можат да се најдат во мајчиното млеко и плунката. Научниците кои го создадоа овој ориз велат дека тој би можел да се користи како лек за пролив кај децата, болест која убива илјадници деца во земјите од третиот свет.

oriz so covecka dnkОризот произведен на овој начин е голем чекор за таканаречената “Франкенштајн храна”, како што веќе се наречени производите кои содржат гени од човеково потекло. Американското министерство за земјоделство веќе најави дека планира да го одобри одгледувањето на ваквите производи. Компанијата Ventria Bioscience планира да одгледува протеини и да ги користи во пијалоците, десертите и јогуртите.

Оваа вест предизвика згрозување кај противниците на генетски модифицираната храна и друштвата на потрошувачи од целиот свет. GeneWatch од Велика Британија кои ја надгледуваат целата нова и генетски модифицирана храна, го окарактеризираа овој чекор како загрижувачки, бидејќи според нив ова подразбира големи ризици по здравјето на луѓето. Според нив, загрижувачки е доколку полињата се користат како фабрики за лекови, а тие фармацевстки производи завршуваат на чиниите на потрошувачите. Последиците од ова би биле погубни.

Двете страни имаат свои аргументи за и против, а генетски модифицираната храна се развива од ден на ден. Секојдневно се водат и расправии, а таа од ден на ден станува се помалку контроверзна. Но, доказ за штетноста или корисноста од оваа храна нема

Остави коментар