Дали знаете што значи да се јаде генетски модифицирана храна?


За студијата која е работена во врска со исхраната на луѓето и влијанието на генетски модифицираната храна врз нивното здравје, седум доброволци јаделе „роундап-реди сојабинс“ (Roundup-ready soybeans). Тоа е генетски модифицирана соја, која со генетски инженеринг е трансформирана во соја која поседува гени за отпорност кон хербицид, со цел да стекне отпорност кон преголеми дози од „роундап“ хербицидот.

Кај тројца од седумте доброволци, гените кои биле вградени во сојата се трансформирале во генетскиот систем на нивните цревни бактерии, односно во ДНК на бактериите од цревната флора, и продолжиле да функционираат како такви долго време по престанувањето на консумирање соја од страна на доброволците!

Ова се податоци кои се единствено јавно публикувани, а се во врска со исхраната на луѓето и генетски модифицираната храна.

gmo-gemetski-modifikovana-hrana-genetski-modifikovani-orranizmi-miladin-sevar-1352501444-228370Според Џефри Смит, илјадници фармери и земјоделски работници кои работеле на полињата засеани со памук во Индија, каде се користел хербицидот БТ-токсин, се жалеле на кожни болести, односно црвенило по целото тело. Животните кои биле хранети со стеблата после жетвата на памукот, пцовисале многу брзо, некои дури во рок од еден ден.

Ова треба да зборува нешто! Не дека луѓето би требало да умираат како покосени кога јадат ваква храна, но сепак, не треба да се занемари фактот дека големи количини на испасена ваква храна од страна на добитокот, резултира со акутна смрт кај животните. Тоа сепак би требало да биде показател дека во човечките црева, но и во другите органи од човечкото тело, полека, но сигурно, непријателски делува генетски модифицираната храна. Таа можеби кај човекот делува во мали порции, но тие се континуирани и сигурни во постигнување на целта, односно во уништување на здравјето.

На пример, Смит го наведува случајот со италијанската научна студија, каде се користени испитни стаорци (за жал, уште еднаш повредени се правата на животните, со што 8-КА не се согласува), кои биле хранети со ГМО пченка. Кај стаорците се развиле различни видови на имунолошки пореметувања, кои се манифестирале со различни форми на симптоми, односно болести, како што се:

gmo pcenka– Ревматоиден артритис;

– воспалителна болест на цревата, Кронова болест;

– остеопороза;

– артериосклероза;

– различни видови на карциноми;

– алергии.

Во своите анализи, Џефри Смит наведува неколку сериозни здравствени пореметувања, поврзани со консумирање на ГМО храна. Меѓу нив се:

стаорците кои биле хранети со ГМО храна, покажале петпати поголема стапка на смртност, мала родилна тежина, и неспособност за репродукција. Мажјаците стаорци покажале значителен степен на оштетување на спермата.Кај ембрионите се најдени сериозни пореметувања на ДНК.

Неколку фармери од Америка се пожалиле на стерилитети и неможност за размножување кај свињите и кравите кои биле хранети со ГМО сточна храна.

Истражувачите во Индија репортирале за проблем со инфертилитет, абортуси, предвремени раѓања и други сериозни здравствени пореметувања, вклучително и смрт кај биволите кои биле хранети со ГМО храна.

Остави коментар