Денес марш против ГМО во Скопје – Македонија дел од светскиот протест
Македонија по вторпат се приклучува на глобалниот марш против ГМО кој утре ќе се одржи во 52 држави, и повеќе од 42 градови. Настанот во Македонија ќе се одржи на влезот на Старата Чаршија кај Стоковната куќа Мост, на истото место каде што беше одржан и претходниот едукативен настан на 25 мај оваа година.
-Овој настан се организира со цел да се запознае пошироката јавност за негативното дејство на ГМО храната. Особено против „Монсанто“ како лидер во производството на генетски модифицирани семиња- велат организаторите.
Денес 12-ти октомври милиони активисти низ светот уште еднаш ќе маршираат против „Монсанто“, и ќе повикаат на целосен бојкот на генетски модифицирани организми (ГМО) и други штетни агрохемикалии. Во моментов, закажани се маршеви на шест континенти, во 52 земји, со настани во повеќе од 400 градови. Во САД, маршеви на солидарност се најавени во 47 држави.