Докажаа дека ГМО храната доведува до инфекции, дебелина и неплодност


Генетски-модифицирана храна сигурно доведува до инфекции на стомакот и уринарниот систем и до дебелеење и неплодност, покажува ново истражување спроведено во САД од австралиски научници.

gmo patlidjan otrovРезултатите од тестовите покажале шокантни резултати. Всушност не било потребно да се тестира ништо, а научниците направиле истражување на свињи од фармите во кои животните ги хранеле со ГМО производи.

Станало јасно дека свињите од овие фарми страдаат два пати почесто од цревни инфекции и проблеми со уринарниот систем отколку животните кои се хранат со нормална храна.

Докажаа дека ГМО храната доведе до инфекции и дебелината Набљудуваните животни тежат исто два пати повеќе од своите колеги кои живеат здраво.

Истражувањето е направено откако фармерите почнале да се жалат дека веќе неколку години свињите им боледуваат многу често и смртноста кај нив е на многу високо ниво.

Освен големиот број инфекции, земјоделците се жалат дека меѓу свињите е зголемен бројот на случаите на неплодност и абортуси. Сите свињи хранети со ГМО храна страдале од цревни инфекции на тенкото црево, чиреви и истенчување на ѕидовите на цревата и хеморагично крварење. Земјоделците соопштиле дека е зголемен и бројот на спонтаните абортуси и дефекти кај новородените прасиња.

Истражувачите откриле дека мешавина од ГМО растенија во дигестивниот систем на организмот создава генетски модифицирани протеини кои всушност доведуваат до сите проблеми.

Остави коментар