Доматите во супер маркетите се картон – докажано и научно генетски се модифицирани


Доматите произведени на големо кој најчесто ги купуваме во големите супер маркети се како картон. Без вкус и без никаков мирис кој потсетува на ,,патлиџанче,, како што на времето се јадеше во Македонија.

Ова не е само наша фантазија. Доматите во супермаркетите навистина се БЕЗ ВКУС И БЕЗ МИРИС, а сега е спроведено и истражување кое го докажало токму тоа. Откриена е и причината зошто????

tomato-300x265ГЕНЕТСКА МУТАЦИЈА !!!!! со садење на доматите во индустриско производство, каде треба да зреат побрзо, да се расипуваат подоцна, да изгледаат како на слика – семето генетски модифицирало. Изгубило голема количина од шеќерот и останатите всушност вкусни состојки кој обично ги имаат доматите.

Според истражувањата на Вашингтон Пост последните 70 години се одбирале семиња, се вкрстувале – се со цел да се добие финален прозвод – црвен, голем, здрав домат. Тоа е направено бидејќи истражувањата покажале дека купувачите ги преферираат доматите со тој изглед а ги одбегнуваат оние кој се со дамки, неправилен облик или меки – а всушност таквиот домат е најздравиот, вели истражувањето.

Истражувањето е објавено оваа недела во Science, откритието е дека токму генетската модификација довела до униформираност на големината, изгледот, но и картонскиот вкус на доматите во супер маркетите.

Разликата се забележува уште при зреењето на доматите. Генетски модифицираните имаат светло зелена боја ( како на фотографијата) додека здравите домати додека зреат се темно зелени.
Научниците се фокусирале на два гена — GLK1 и GLK2 — обата многу важни за апсорбирање на сончевата енергија, неопходна за зреење на доматите.

Откриле дека GLK2 е многу активен во здравите домати, додека во индустриски произведените воопшто го нема и не е активен.
индустриските домати имаат и позелени дршки. Тоа е поради голема застапеност на chloroplasts.

Листовите ја апсорбираат сончевата светсина која се претвара во шеќер кој подоцна се пренесува во самиот плод. Индустриските домати chloroplasts го задржуваат во листот и затоа не се толку слатки како природните домати.

коавторот на студијата биохемичарката Ann Powell, со хемиски тестови докажала дека нивото на шеќер во доматот е 40% повисоко во природниот домат, исто така carotenoids, кој многу придонесуваат за вкусот се 20% повисоки отколку кај индустриските домати.
Harry Klee, специјалист за хемија кај плодовите во универзитетот Флорида вели.
“лекција за потросувачите од ова истражување е – бирајте не толку лични домати, со неправилен облик, флекави – бидејќи бидете сигурни тие се поздрави, а и повкусни,,

Mknews.Mk

 

Остави коментар