Еден од најпопуларните пестициди во светот предизвикува рак – произведувач Монсанто


Еден од најпопуларните пестициди во светот, кoj широко се користи во САД, веројатно предизвикува рак, смета Светската здравствена организација, пишува „Independent“.

monsanskull_deesЗаводот за борба против ракот на СЗО објави дека препарат „раундап“, произведен од компанијата „Монсанто“, содржи активни состојки кои се „класифицирани како веројатно канцерогени за луѓето“.

Градинарите- аматери, како и професионалните фармери се предупредени да „размислуваат многу внимателно“ пред  употреба на хербициди.

Според извештајот на СЗО, супстанцијата глифосат што се содржи во препаратот е „веројатно канцерогена за луѓето“, освен тоа постојат „ограничени докази“.

Од „Монсанто“ велат дека податоците на научниците не ги поддржуваат заклучоците во извештајот на СЗО и повикаа на итен состанок со цел објаснување на откритијата.

Остави коментар