Екологистите се здружуваат против влезот на ГМО храна за животните


Стоп за генетски модифицирана храна бараат екологистите од Македонија.

Тие денеска од првата ГМО слободна општина, Велес, побараа од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство да прогласат времен мороториум на дозволата за влез на ГМО храна за животните.

cd39330b-16a7-404b-ba6b-5261c01d421c„Повлекување на правилникот кој како што сме информирани треба да важи од први октомври се до моментот кога државата ќе може да го контролира движењето на ГМО храната низ Македонија. На овој начин ќе се заштитат граѓаните, Државата и рехерентната абараторијата од енормно зголемениот број на барања за проверка на производите“, рече др.Ненад Коциќ-претседател на ЕД Вила Зора.

Екологистите се сигурни дека ГМО храната е штетна по здравјето, ги повика сите граѓани кои не се доволно информирани за штетноста од конзумирање на производи кои во себе содржат ГМО да побараат информации во било кое еколошко друштво, а од производителите на храна да ги испитаат своите производи и да означат дали содржат ГМО или не.

„Бараме од производителите на млеко и месо сами да направат анализа дали содржат нивните производи ГМО или не. Доколку несодржат на декларацијата тоа јасно да го одбележат, а и ние како еколошки здруженија јавно ќе ги промовираме како производи кои се безбедни по здравјето на граѓаните за конзумирање“, рече др.Коциќ.

Екологистите бараат од надлежните во државата сериозно да ги сватат нивните иницијативи и барања оти со можноста од влез на ГМО храна за живиотните, огромни штети ќе претрпат економијата, екологијата и земјоделието.

Во Македонија свесноста на граѓаните за штетноста по здравјето на населението е голема, Велес, Валандово, Василево, Могила и Охрид се петте општини кои се прогласени за ГМО слободни општини.

Makfax

1 Comment

  1. Toni says:

    Samo napred!JA imate poddrskata na site gragjani na MAkedonija!Barem da izvojuvvame pobeda poradi koja ke ni bidat blagodarni i idnite generacii.

Остави коментар