ЕУ чекор поблизу до забрана на ГМО


Комитетот за заштита на животната средина на Европскиот парламент изгласа денеска предлог-закон со кој на земјите-членки им се дозволува да забранат одгледување генетски модифицирани организми (ГМО) на нивна територија.

gmo-stop-600x399Комитетот прифати серија измени во однос на првобитниот нацрт на Европскиот совет, кој според мислењето на пратениците им давал премногу слобода на мултинационалните компании, кои произведуваат ГМО храна.

Организацијата за заштита на животната средина Гринпис ја пофали новата верзија на законот како значителен напредок.

– Предложените измени се радикални и им пружаат можност на Европејците да живеат во околина без ГМО, изјави директорот на Гринпис за земјоделска политика, Марко Фонтијеро.

Членките на ЕУ имаат различен однос кон ГМО, чија употреба биотехничките компании агресивно ја промовираат иако нивното влијание врз околината се уште не е истражено.

ГМО пченката ја сочинува една петина од посевите во Шпанија, додека Германија и Франција строго го ограничуваат производството на ГМО.

Новиот закон ќе стапи во сила, откако ќе биде изгласан на пленарна седница на ЕП.  

Остави коментар