Ген на бубашваба со ГМО храна


Генетски модифицираната храна се наоѓа на трпезите веќе 20 години и предизвикува особено голем интерес. Последниот период е тема на разговор и во Македонија, која како земја со плодна почва и чиста еколошка и органска храна се соочува со овие генетско модифицирани организми. Раководителот на катедрата за биохемија и генетско инженерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје вели дека мора да се унапреди системот за контрола на оваа храна. На оваа тема се зборуваше денес на панел дискусијата на Славјанскиот универзитет во Битола

POPOVSKI. -Досега не се документирани последици од ГМО врз човечкото здравје, но заради случаи во минатото кога со примена на одредени пестициди кои имаа ефекти на подолг период, мора да има контрола на ГМО, изјави роф. д-р Зоран Поповски, раководител на катедрата за биохемија и генетско инженерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје

Постои една лабораторија овластена во 2006 година за контрола на ГМО, но и неколку други кои тоа можат да го прават.

-Ние досега сме контролирале за потребите на индустријата, а од државата сме имале само едно барање. Сега сме во преговори со Агенцијата за безбедност на храна да се воведе годишен скрининг програм со кој ќе може да се врши контрола, изјави проф. д-р Зоран Поповски, раководител на катедрата.

Тој вели дека мора да се вложат средства во лабораториите и да се снабдат реагенси кои се мошне скапи. Вели дека нема сознанија дека во Македонија се произведува ГМО храна, но не е исклучена можноста од нејзин увоз. Проблемот е што оваа храна нема ознака за каква храна се работи, а токму во Америка, која е најлиберална кон ова прашање, 85% од граѓаните побараа да почне да се обележува. Но она што загрижува повеќе е како влијае врз чоечкото здравје и какви се последиците. ГМО не се хибриди, кои се создаваат со вкрустување на едно со друго растение

VELKOV. -Се зборува за вкрстување на ген на растение со ген на животно. На пример патлиџан со риба од северните мориња за да траат повеќе, вели д-р Слаџана Велков. Објаснува што се случува при конзумирањето ваква храна.

-Ако имаме ген од бубашваба, ќе влезе преку цревата во органите, што значи ќе имаме ген од бубашваба, вели Велков. Според неа, постојат стотици истражувања во светот кои покажуваат што прави генетски модифицираната храна.

-Во руската академија на науките се правеше експеримент кој покажа дека третата генерација на глувци биле стерилни, изјави Велков.

Со дозволувањето на оваа храна во Аргентина се случи и економска и еколошка катастрофа, вели таа. Велков вели дека ГМО мора да се забрани во Македонија исто како што тоа го имаат направено 167 земји во светот. Македонија е идеална земја за производство на органска храна и не смее да дозволи да го изгуби тоа, вели таа.

Tera Televizija

Остави коментар