Генетичарот Дејвид Сузуки за ГМО: Ние сме дел од масовен екпсеримент


Немаме поим кои се долгорочните последици од генетската манипулација со населението во светот. Не постои начин на кој нашите државните тела за здравство ќе ги истражат сите комбинации на пермутации на голема група на луѓе во текот на долг временски период, и дека потоа со сигурност можат да изјават дека ГМ храната е  безопасна.

davidsuzuki555Во суштина они ни наметнуваат ГМО во нашата храна, без наше знаење и одобрување, без ознаки дека таа храна е генетски модифицирана, ние сме сега несвесно, дел од масовен експеримент кој се врши во текот на години и години, додека илјадници и илјадници добри луѓе консумираат таква храна .

Ние, всушност,  ќе обезбедиме податоци кои на крајот ќе кажат и заклучат дали има или не опасност од ГМО храната.

Администрација за храна и лекови во САД (ФДА ) соопшти дека генетски модифицираната храна во основа повеќе или помалку не се разликува од обичната, бидејќи се обработува на ист начин. Проблемот е во тоа што генетичарите го следат наследството од генот, она што ние го нарекуваме „вертикална форма, вертикален стил” во еден тип.

Биотехнологијата ни овозможува да земеме гени од организми и да ги преселиме во една сосема друга врста. Тогаш ние го нарекуваме „ хоризонтална форма, хоризонтален стил “.

Проблемот е во тоа е што е многу, многу лоша науката. Научниците претпоставуваат дека принципот на управување на наследените гени е вертикален, а ГМО допушта хоризонтално преместување, без никаква причина.

Поентата на сето тоа е дека, кога научниците го преселуваат генот, еден мал ситен ген од еден организам во друг организам, тие целосно го менуваат неговиот склоп, неговата смисла и нема начин во денешно време да се предвиди како тој организам ќе се однесува и каков ќе биде исходот.

Научниците сметаат дека дизајнираат ГМО форми , но тоа е како да земете симфониски оркестар да ви свири  симфонија од Бетовен, а потоа да земете некој тапанар кој ќе го надгласи целиот оркестар. Она што тој ќе свири ќе биде многу различно од оркестарот .

Ни зборуваат во медиумите дека тие произведуваат ГМО заради пестициди , зголемување на одгледуваната храна, решавање на гладот ​​во светот, но вистинската причина зад ова се парите, голема количина на пари инвестирани од биотехнолошките компании. Така што од овие компании вложуваат голем притисок за да  остварат профит.

Една од претпоставките која требаше да ја заштити ГМО храната е дека компаниите сакаат да го реши проблемот со гладот ​​во светот, но претседателот на Светската банка изјави дека три милијарди луѓе живеат од само еден долар на ден . Тоа е половина од човечката популација ! Дали мислите дека тие можат себе си да си дозволат многу скапа ГМ храна. Огромното мнозинство на храна која ја произведува „Монсанто“ не е наменета да се биде хранлива или со подобар вкус, туку ја произведуваат за тие растенија да можат да се прскаат со пестицид кој е произведен од Монсанто. Нормално растенијата ќе ги убие таков пестициди, но ГМ растенијата се отпорни на овој пестицид.

Тоа е само изговор поврзан со бизнис, а не за подобрување на животот на Земјата. Нам, како на слободни луѓе ни се дава избор да избереме ГМО или природна храна. Таа мора да биде барем означена ако духот не може да врати во шише.

Автор: проф. Девјид Сузуки / Toppost

Остави коментар