Генетски модифицирани Франкештајн риби во продавниците во САД (Видео)


Американската агенција за храна и Лекарска администрација издаде оценка која се однесува на животната средина, во врска со лосос-хибрид (франкештајн рибите) развиени во лабораториите на AquaBounty.

Salmon hang in the the Smokery at H. Forman and Son on Fish Island in east LondonОд FDA мораа да почекаат два месеци пред да ја донесат конечната одлука за судбината на франкфенштајн рибите, а засега од спроведените студии заклучиле дека генетските модифицирани животни се безбедни, за истите да бидат продавани.
Рибите уловени од Пацификот се генетско модифицирани, а потоа и одобрени за продажба со единствена цел, да се нахранат повеќе луѓе.
FDA имаа 60 дена да ги слушнат забелешките од јавноста, за да донесат конечен заклучок за тоа дали генетски модифицираните риби не се штетни по здравјето на луѓето и дали истите можат да бидат пуштени во слободна продажба.

Сепак некои од вработените во FDA се скептични за ваквата дозвола. Бил Фрис е научник и политички аналитичар во Центарот за безбедност на храната, и за женскиот магазин за здравје ја има истакнато својата загриженост за тоа како FDA едноставно дозволува одредени дроги за употреба. Според него регулаторниот систем на FDA претставува слаба алка.

Досега „Aqua Bounty“ при развивањето на ваквите франкфештајн риби, потрошила десетици милиони долари, а како што стојат работите од компанијата наведуваат дека се наоѓаат на работ на егзистенција, поради пресушување на паричните фондови. Во 2010 година FDA констатираше дека рибите од Aqua Advantage се безбедни за јадење. Дали и сега оваа компанија ќе добие зелено светло да продолжи со пуштањето во продажба на ваквите риби останува да се види.

Остави коментар