Генетски модифицирани прасиња: Зелена шунка со јајца?


Прасињата кои се одгледуваат таму можеби се меѓу првите генетски модифицирани животни од фарма, дозволени за човечка употреба.

gmo-pigГолемата контроверзност околу воведувањето на генетски модифицирани житни култури е добро документирано, но ова изгледа дека ќе ја насочи дебатата чекор понатаму и во уште поразбранети води.
Проектот кој се одвива таму е наречен Енвиропиг. Животните во чистите и топли штали изгледаат и се однесуваат како нормални прасиња, но тие се живи чуда на модерната наука.

Секое од нив носи ген од глушец и бактерија ешерихија коли, кои биле вметнати во нивната ДНК со апсолутна прецизност.
Овие гени прават мала, но важна разлика во начинот како овие прасиња ја варат храната.

Обично, свињите не можат лесно да ги сварат хемикалиите наречени фосфати. Тоа значи дека нивниот измет може да биде отровен и штетен по животната околина. Фосфатите лесно се прелеваат во водата, каде можат да создадат мошне плодна средина за растенијата. Но, растенијата во тие услови растат толку бргу, што можат да ги задушат тековите на реките и да направат голема штета во екосистемот.

Генетската модификација овозможува овие свињи да ги сварат фосфатите, што значи дека тие помалку загадуваат и поефтино е нивното хранење.

Контроверзи

Професорот Рич Мокиа, од универзитетот Гуелф, е горд на она што го постигнале.
– Ова е врвно откритие во науката. Тоа (свињата) е само едно од двете животни во кои се користи оваа технологија. Тоа е навистина воодушевувачко само и ако помислте на тоа, вели Мокиа.
Но, тоа е контроверзно. За оние кои водеа долга и тешка битка против воведувањето на генетски модифицирани (ГМ) житни култури, сознанието за ГМ животни, како што се прасињата и брзорастечкиот лосос, ова претставува нов фронт во долгата војна.

gmo praseВо Торонто, супермаркетот „Големиот морков“ е еден од неколкуте трговски објекти во Северна Америка кои не продаваат ГМ храна. Тие со години наназад се борат да го стопираат бранот на генетски модифицирани производи.
За противникот за ГМ, Луси Шарат, сознанието за трансгени животни е најлошиот кошмар.

– Ова е апсолутно критично време кога Северна Америка е во самиот центар на глобалниот конфликт околу генетски произведените животни – нашироко се отвара цела нова област во употребата на оваа технологија, за која ниту сонувавме дека ќе стане реалност. Многу сум загрижена и луѓето низ светот треба да бидат загрижени за тоа што се случува во Северна Америка, вели таа.

Јасно е дека дебатата останува длабоко подвоена. Но, исто така постојат и некои показатели дека дебатата полека се врти.
Д-р Март Грос од универзитетот во Торонто, беше против идејата за генетски модифицирани житарици и животни. Сега тој го смени својот став. – Исхраната на човечката популација мора да биде ставена на прво место, а тука ГМ животните и растенијата можат да помогнат. Потребно е да го удвоиме производството на храна, вели Грос.

– Сега има скоро 7 милијарди жители на планетава, а до 2050 година ќе не има 9, 10 или 11 милијарди. Од каде ќе дојде таа храна? Треба да произведеме повеќе од помалку, додава тој.

Креаторите на Енвиропиг знаат дека нема шанса дека владините тела воопшто ќе дозволат ГМ животни за човекова употреба.
Но, масивниот предизвик за прехранување на растечката светска популација и правење тоа да биде одржливо, може да ја сврти дебатата и ултимативно да одлучи дали Енвиропиг ќе заврши во нашите чинии.

Би-Би-Си – Лондон

Остави коментар