ГМО ги загадува и подземните води – покажале истражувања


Во една студија во списанието „Analytical and Bioanalytical Chemistry“, минатата година се објавени докази за појава на „глифосат“ активна состојка создадена од компанијата „Монсанто“, која слободно тече во подземните води.

Подземната вода е вода која што се наоѓа под површината на земјата, од која се снабдуваат водоносните слоеви, бунари и извори. Истражувачите откриле дека 41% од вкупните 140 подземни примероци, земени од Каталонија Шпанија, е пронајдена хемикалијата глифостат, која што е доволно мобилна да убие и деградира живи суштества.

Истражувачите сметаат дека не се направени доволно обиди за истата да се биодеградира. Од страна на EPA, глифосатот се смета за токсична супстанца од III класа и за која се смета дека само 30 грама се доволни за да има фатални последици за возрасна личност. Широкиот спектар на тоскичност на подземните води со глифостат може да биде потенцијална и оправдана причина за загриженостa, за губењето на неопходната храна во одредени региони во светот.

Кој е одговорен за загадувањето на подземните води?

„Монсанто“ е мултинационална земјоделска биотехнолошка компанија, која моментално со своите производи доминира на глобалниот генетски инжинерски пазар за производство на запрашувачки супстанци. Само во САД има 90 % од удделот на пазар. „Монсатнто“ веќе има признаено дека во периодот од 1965-1969 година, има соработувано со американската војска во снабдување со (хербицид) „Agent Portocal“, кој се користел за запрашување на виетнамската прашума со цел да го отстранат непосакуваните растенија. Поради ваквата супстанца, се проценува дека биле оскакатени 400,000 луѓе, а резултирало и со 500,000 деца со вродени дефекти.


Вистинското уништување предизвикано од „Agent Portocal“, се затскривало со години наназад. Се претпоставува дека состојката глифосат, создадена од оваа компанија, може да предизвика сличен степен на унишување на животната средина и на здравјето на луѓето.

Глифостатот силно влијае на ендокриниот систем и премали количини се способни да ги попречат хормоналните патишта, и келичните рецептори. Но, она што најмногу загрижува е нејзиниот потенцијал кој може да предизвика на деформации на фетусот.
Од примероците тестирани во САД, глифосатот е пронајден и во поголемиот дел од воздухот и во дождот. Токму од таму истиот се пренесол во подземните води, бунарите, а разликата е само во прашање на степенот на изложеност во одредени региони.
„Монсато“ ќе има големи проблеми при докажувањето, дека производството на ваквите хемиски соединенија како глифосатот, кој што би сакале да го искористат комерцијално, всушност нема да има последици по здравјето на луѓето при неговото испуштање во животната средина.

Остави коментар