ГМО пченката која уништува инсекти влегува на европскиот пазар

“Смартстакс” за неколку месеци ќе биде достапна за купувачите од Европа, иако многу експерти бараат дополнителни испитувања за овој вид на пченка.
Претпазливоста произлегува од тоа што супер пченката создава отрови кои ги уништуваат инсектите, а во исто време е отпорна и на два хербицида за борба против коров.
Се уште не е познато дали токсините се штетни и за луѓето. Поединечните земји можат да забранат увоз само ако ја загрозува националната безбедност, што за оваа пченка тешко е доказливо. пишуваат медиумите.