ГМО пред влезните врати на Србија?


Новиот Нацрт закон за генетски модифицирани организми е готов, но се чува во тајност, пишува српскиот весник “Вечерње новости”. Со него ќе биде овозможен слободен промет со вакви производи во Србија.

Продажбата на стока со “вкрстени гени” инаку е и услов за влез на Србија во Светската трговска организација, поради што е одбиена пред две години.

gmo-jabolkaОд друга страна, надлежните министерства за земјоделство и трговија официјално велат дека засега не се занимаваат со новиот закон за ГМО.

Дека Нацртот на новиот закон за ГМО подготвено и скриено чека во некоја фијока, за Новости потврдува професор Миладин Шеварлиќ, советник во Економскиот институт.

– Неофицијално е подготвен, а официјално никој не го дава на увид. Иако барав да го погледнам, без никаков одговор од Министерството за земјоделство одбиваат да го покажат. Од нив дури не добив ни список на членовите на Националниот совет за биолошка безбедност. Тоа е тело кое го формира министерот за земјоделство по важечкиот Закон за ГМО од 2009 година. Не ми е јасно зошто списокот е таен. Бидејќи ќе има нов закон, тој мора да оди на јавна расправа. Тоа не е само прашање на генетичарите, туку на луѓето од различни струки, истакнува тој.

Во министерствата за стопанство и трговија, меѓутоа, велат дека од законот засега нема ништо. Како што тврдат, новите прописи не се дури ни напишани. Од друга страна, кон крајот на минатата година шефицата на преговарачкиот тим за ЕУ Тања Мишчевиќ изјави дека новиот закон за ГМО е подготвен, ускладен со ЕУ и дека ттреба да се најде во процедура.

– Кај нас е на сила законот од 2009 година, со кој е забранет промет, продажба и одгледување на ГМО. На ниво на ЕУ дојде до измени, усвоена е нова директива која го спушта одлучувањето на ниво на држави членки. Она што ќе мораме да го направиме  ќе се направи. Јавноста ќе биде вклучена во расправи и трибини и без неа апсолутно ништо нема да се направи, заклучува Јован Вујовиќ, раководител на Групата за заштита на растителни сорти и биолошка сигурност во Министерството за земјоделство.

Остави коментар