Го одобривме ГМО: Во медиумска тишина хрватските пратеници гласале за труење на хрватскиот народ! (Видео)


Амандманот за спречување ГМО производите да стигнат на пазарот во Хрватска не мина меѓу пратениците на хрватскиот парламент. Минатата недела собранискиот состав одлучи да нема ваква забрана.

Во медиумите ваквата одлука се премолче како да не е важно дали хрватското земјоделие ќе биде затворено од страна на ГМО организмите или на Хрватите повкусна ќе им биде кујната на Монсанто и другите моќни прехранбени корпорации!

Хрватскиот пратеник од партијата Мост, Миро Булј, ги молел своите колеги да го прифатат амандманот и да го спречат продорот на генетските модифицирани производи, кои засега не се ниту истражени.

Интересно е да се гледа како против овој амандман и за ГМО гласаат таканаречените десни и леви партии, заедно против хрватскиот народ.

Без никакви емоции и грижа за тоа што Хрватска е ретка земја во која може да се јадат слатки јаболка и смокви.

Видеото кажува сè, а најмногу за оние на кои народот им дал доверба да ги штити и да работи за нивниот интерес.

Остави коментар