И во Македонските продавници има ГМО производи – читајте ги декларациите


Агенцијата за храна не издава одобренија за продажба на производи во кои има компоненти или состојки што се генетички модифицирани. Оние што сакаат да знаат дали во него има ГМО-состојки мора да ги читаат декларациите. Но и читањето не мора да значи дека е доволна заштита за противниците на ГМО. Инспекциите не прават редовни контроли за тоа дали има недекларирани генетички модифицирани организми во продукти или дали има ГМО-храна на пазарот внесена без одобрение пишува Нова Македонија

Генетички модифицирани организми и кај нас

gmo-market---banskolievГраѓаните што не сакаат да јадат генетички модифицирани организми (ГМО) задолжително треба да проверуваат во декларациите на производите дали во нив има состојки што се добиваат со вкрстување гени од еден вид со гени од растенија и животни од друг вид. Агенцијата за храна не издава одобренија за продажба на производи во кои има компоненти или состојки што се генетички модифицирани. Оваа установа ќе издаде одобрение само доколку некој сака да внесе еден од дозволените пет ГМО-производи: пченка, соја, ориз, еден вид компир и маслодајна репка. Или, едноставно кажано, доколку се работи за чист ГМО-производ.

Сепак и читањето декларации не мора да значи дека е доволна заштита за оние што сметаат дека ГМО-храната е штетна за организмот. Инспекциите не прават редовни контроли за тоа дали има недекларирани генетички модифицирани организми во продукти, или дали има ГМО-храна на пазарот внесена без одобрение. Контролите ќе почнат в година.

Поделени мислења

Научниците, како и експертите за храна, имаат поделени мислења за тоа дали е штетна употребата на ГМО-храната. Додека едните велат дека таа ќе го спаси светот од глад, други алармираат дека може нејзиното производство е заговор против човештвото, изигрување господ, ќе предизвика масовна појава на рак, намалување на плодноста, колапс на еко-системот, зголемена смртност на идните генерации. Повеќето се согласуваат дека нема доволно научни сознанија за ефектите од користење на ваквата храна и многу е краток периодот од само петнаесетина години за прецизно да се утврдат последиците од нејзината примена.

Од Агенцијата за храна ни објаснија дека не водат евиденција за тоа дали некоја компонента од производ е ГМО. Ако се користи ГМО во некој производ, производителот мора да означи дека во состојките има доколку е употребена во поголемо количество од 0,9 отсто од вкупната маса на производот.
– Инспекторите на граница проверуваат дали производите имаат дозвола за производство, а ја проверуваат и целата друга потребна документација. Доколку има ГМО-компонента повеќе од 0,9 отсто, тоа треба да е декларирано – велат од агенцијата.

Граѓаните креваат паника за ГМО-храната. Меѓу нив се шпекулира дека ГМО има во производи на нашиот пазар, а тоа не стои на декларациите. До толку повеќе што во земји во близината наводно на големо се произведува ваква храна или се користи во производството.

„Стоп за ГМО“

По социјалните мрежи веќе има групи „Стоп за ГМО“, „Стоп за ГМО во Македонија“ и други, во кои членовите коментираат за штетата што може да ја предизвикаат овие организми. Во полемиката е очигледна паниката кај многумина, кои стравуваат за сопственото и за здравјето на нивните деца. Еден од коментарите гласи: „Кроења и калемења не се исто што и мешање патлиџан со бубашваба или ориз со човечки гени“. Во друг коментатор пишува: „Многу страшно, многу ме загрижи веста за новиот правилник според кој животните ќе можат слободно да јадат генетички модифицирана храна. Што ли може да се преземе?“ Трет додал: „Луѓето треба да се запознаат со темава и да сфатат дека ова е веќе трета светска војна на мала врата. Кога се работи за храната ќе нема избор, луѓето треба да сфатат дека ако не се освестиме, многу скоро ќе мораме да го јадеме тоа што ќе го има да се купи. Дури и оние што сами ќе одгледуваат зеленчук, овошје и житарки, ќе им се наложува кои семиња да ги садат“.

Граѓани, поради тоа што сѐ помалку се сигурни во потеклото и во квалитетот на овошјето и на зеленчукот што се нудат по пазарите и по маркетите, сами одгледуваат култури во сопствените дворови и бавчи, а откако ќе им созреат, објавуваат фотографии од нив на социјалните мрежи.

Петиција против ГМО

На Светскиот ден на храната, 12 октомври, ќе бидат организирани масовни протести во повеќе држави низ светот против „Монсанто“, најголемиот производител на генетички модифицирани организми и ГМО во храната. Има и онлајн-петиција против ГМО што може да ја потпише секој, а во која стои дека генетички модифицираните организми се организми чиј генетички материјал е изменет со помош на користење техника на генетичко инженерство. Овие организми е забрането да се употребуваат во Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Норвешка, Кина и во многу други земји. „Деведесет oтсто од насадите со тутун во САД се ГМО, 90 отсто од насадите со пченка во САД се ГМО. Да не дозволиме ова да се случи и во Македонија“, стои во петицијата.

Автор: Антонија Поповска-Христов Наташа Бошковска-Златкова за Нова Македонија

1 Comment

  1. Stop za GMO says:

    ma koi inspekcii sekoja firma sto se bavi so prerabotka i proizvodstvo na hrana prvo se povrzuva so inspekciite pa posle pocnuva so proizvodtvo.

Остави коментар