Истражување: Краен ефект од јадење ГМО храна е СМРТ


Заедничкиот експеримент на неколку Институти и научници откри дека хрчаците хранети со генетски модифицирана храна произведуваат потомци кои не се во состојба да произведат четвртата генерација потомци.
Научник Алексеј Суров објасни дека ги набљудувале хрчаците, нивното однесување, тежината и наталитетот на неколку генерации. По раѓањето на втората генерација на хрчаци, тие забележале побавна стапка на раст и сексуална зрелост. Следната генерација била стерилна.

Технички, крајниот резултат на ГМО ќе биде крај на гладот ​​во светот, бидејќи ќе нема повеќе луѓе.

gmooooooo-630x472Верувајќи во потенцијалот на ГМ храната, Игнасио Чапел и Арпад Пусзтаи, експерти за растенија кои се генетски модифицирани, одлучија да спроведат независно истражување на животни кои јадат генетски модифицирана храна.
Истражувањата покажале симптоми на забавен раст, оштетен имунолошки систем, крварење во стомакот, ненормални и потенцијални канцерогени клетки во цревата, оштетување на крвните зрнца, изобличени  структури на клетките во црниот дроб, панкреасот и тестисите, промени во експресија на гените и клеточниот метаболизам,  слабо развиени органи, намалени дегестивни ензими, висок на шеќер во крвта, воспаление на белите дробови, зголемената смртност и повисок моратлитет.
(Да напоменеме дека е докажано дека ГМО предизвикува 65 болести).

Светот набљудува дека „Монсанто“ и американските власти промовираат раст и континуирано проширување на нивната генетски модифицирана програма. Тие ги патентираа свињите, лосост и други видови и ги проектираа гените на животните да произведуваат потомството со повеќе месо.

(Но, таквите животни се резервоари на хормони, антибиотици и други штетни синтетички супстанции).

Дури 75% од преработена храна во светот има некаква форма на генетски модифицирани состојки. (Во Северна Америка, овие проценти се дури над 90% содржина на ГМО во производите во конвенционални супермаркети!) Дали сме подготвени да ги ризикуваме животите на нашите деца и внуци за да откриеме дека овие симптоми кои се покажуваат кај животните нема да се појават и кај луѓето, е прашањето кое многумина си го поставуваат.

Руските научници докажаа дека генетски модифицираните организми ги убиваат цицачите, така што животните со јадење на генетски модифицирана храна ја губат нивната способност да се репродуцира.

Тоа се покажа во следниов експеримент:
На првата група не и давале ништо, ги хранеле со храна која се користи на фармите, втората група била хранета со соја која не вклучуваат ништо од ГМ состојки, третата група била хранета со некои од содржините на ГМ организми и четврта со зголемена количина на ГМО.

Го следеле нивното однесување, зголемување на телесната тежина и раѓањето на потомство. На почетокот, сè одело глатко. Сепак, забележале доста сериозни симптоми кога избрале нови парови од нивните младенчиња и продолжиле да ги хранат како порано. Нивната стапка на раст била побавна и ја постигнале својата сексуална зрелост многу подоцна.

Кога ги добиле нивните потомци, повторно формирале парови, сега на третата генерација. И не успеаја да  добијат младенчиња од паровите кои ги хранеле со генетски модифицираната храна.

Се докажаа дека овие парови ја изгубија нивната способност да создадат свој подмладок, вели Алексеј Суров.

Резултатите на руските научници се совпаѓаат со истражувањето на колегите од Франција и Австрија.

Професорот Нилс Скакебек од Универзитетот во Копенхаген, предупредува дека зголемувањето на нивото на машката неплодност станува премногу сериозно. Некои одат дури и подалеку.

Ако вака се продолжи, мажите се на пат да станат целосно неплодни во рок од неколку генерации.
Извештаите велат дека еден од пет здрави мажи на возраст од 18 и 25 произведува абнормална количина на сперматозоиди.

Само 5 до 15% од спермата е доволно добра за да се класифицира како „нормална” по правилата на Светската здравствена организација.

Научниците постојано предупредуваат на штетноста на ГМО храната, која единствено води кон полнење на нечии џебови на сметка на уништување на човештвото.

TOPPOST.MK

Остави коментар