Итно да се укине одлуката со која се дозволува ГМО храна за македонските животни – бара ДОМ


Демократската обнова за Македонија предлага да се укине Правилникот за сточна храна што неодамна го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Од ДОМ сметаат дека со законот од 1 октомври ќе се зголеми увозот на генетски модифицирани организми во Македонија.

dom– ДОМ предлага сторнирање на Правилникот за да може да се преиспитаат сите елементи што тој ги содржи. Формално-правно, Правилникот е базиран врз Законот за генетски модифицирани организми, кој исто така бара сериозно и стручно препрочитување и редефинирање во повеќе поглавја. Донесен е како обврска да се усогласиме со меѓународните конвенции и со ЕУ-регулативата, кои и самите се нејасни, а во делови и контрадикторни.  ГМО е нова тема во земјава, а во светот се водат жестоки дебати за и против ГМО во последниве две децении, рече претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Партијата посочува дека во светски размери постои силно движење против употреба на ГМО .

– Простор за загриженост има и затоа ДОМ ја  продолжува кампањата за заштита на Македонија од ГМО, што ја започна во јуни и ја повикува стручната јавност и граѓаните да се вклучат во серијата јавни дебати што ги иницира, соопшти Демократската обнова за Македонија и најави дека следната дебата ќе ја одржи на 24 септември во КО-РА (Дом на градежните работници) од 11 часот.

Остави коментар