Како да направите детоксикација на вашето тело од ГМО и пестициди


Детоксикацијата може да му падне тешко на вашето тело и да предизвика широк спектар на алармантни несакани ефекти. Меѓу материите кои треба да ги отстраните од вашето тело најчесто се токсични хемикалии од остатоци од пестициди, нус-производи од ГМО храна, фармацевтски лекови, слободни радикали, тешки метали, алуминиум, радијација. Постојат бројни начини за детоксикација, некои се поскапи од другите, а некои имаат и несакани ефекти. Сепак, попаменто е да изберете природен метод.

zelena salataСепак, постојат неколку начини да ги отстраните овие штетни супстанции нежно и пријатно за вашето тело. Овие техники може да потраат малку подолго за да се постигне целата која е детална детоксикација, но сепак, ако не брзате и ако ги применувате овие природни методи, вашето тело треба да ви е благодарно.

Пектин

Пектинот е веројатно најнежниот метод на детоксикација. Тој доаѓа од фибридните влакна на овошјето и најчесто ги има во лиметата, лимоните и други цитрусни овошја меѓу кои и во јаболкото. Други извори на пектин се бананите, грозјето, морковите, и зелката. Пектинот помага да се ослободат тешките метали, хемикалиите и други супстанции во крвта, кои се врзуваат во телото. Едноставното јадење на овошје богато со пектин ќе ви помогне да се ослободите од лошите состојки во вашето тело. Сепак, внимавајте затоа што во некои продавници овошјата веќе се направени од ГМО семиња. Купувајте во продавници за здрава храна и при тоа изберете ги продуктите кои не изгледаат совршено и имаат дупки затоа што тие не се прскани.

Коријандер

Вкусната кулинарска билка – коријандер е еден од најефикасните билки за детоксикација од жива, тешки метали и други токсични загадувачи. Може да купите сок од коријандер во продавници за здрава храна или да ја вклучите оваа билка во секојдневната исхрана. Коријандерот е ефтин и е направен така за да може да живее без вештачки хемикалии. Оваа билка, исто така, има антибактериски и анти-габични својства, помага при брзо намалување на инфекции и воспаленија.

Хлорела

Хлорелата е единствена алга која е зеленчук кој расте во свежа вода. Некои од најдобрите резерви на хлорела доаѓаат од Јапонија, но сепак, обрнете внимание кога купувате јапонска хлорела поради можната изложеност на радијација од Фукушима. Хлорелата е лесна за дигестивниот систем и е наречена суперхрана затоа што може да отстрани жива и други тешки метали од клетките во телото. Сепак, преголема конзумација на хлорела може да предизвика и несакани ефекти главно во дигестивниот тракт, каде што нејзина работа е да се поврзе со живата и да ја елиминира. Започнете со мала количина на оваа алга и постепено конзумирајте ја.

Органска трева

Свеж сок од трева од пченица или јачмен, е одличен начин да се отстранат токсините од системот. Органската трева е на висока скала на исхраната и содржи витамини, минерали како и сите девет есенцијални амино киселини. Органската трева може да биде моќна детоксикација, па затоа се почнува полека со само мала количина на сок од 42 грама на ден.

Со користење на овие производи ќе успеете полека да направите добра детоксикација на вашето тело. Меѓу несаканите ефекти може да бидат гадење, повраќање, болки во мускулите, вртоглавица и замор. Ако несакани ефекти се сериозни, намалете ги количините од она што го користите за детоксикација. Ако симптомите продолжат, консултирајте се со вашиот лекар.

Остави коментар