Како ГМО храната му штети на вашето здравје (Видео)


Истражувањата покажале дека генетски модифицираната храна не е безопасна. Таа има потенцијал да предизвика сериозни здравствени проблеми, како што се малигни тумори, неплодност, имунолошки болести, алергии и дефекти на новороденчиња. Американската академија за животна средина и медицина (AAEM) ги повикува лекарите да им објаснуваат на своите пациенти, медицинскиот персонал и на јавноста да ја избегнуваат ГМ-храната секогаш кога е можно,  потенцирајќи дека генетски модифицираните семиња и храна се опасни за здравјето, но и за животната околина. На пример, научниците откриле дека една од причините за смрт на дел од светската популација на пчели се токму овие семиња и растенијата од нив.
gmo gluvciД-р Питер Линд од Салем, Орегон, за “Вашингтон тајмс” вели дека некои видови алергиски болести се предизвикани од ГМО-храна. Во две одвоени студии, истражувачите докажале дека генетски модифицираната пченка може да предизвика страшна алергиска реакција. Истражувањата исто така покажале дека генетски модифицираните компири со гени од бакалар предизвикуваат алергиски реакции. Со десетгодишно проучување на генетски модифициран грашок утврдено е дека тој предизвикува алергиска реакција во белите дробови на глувците. Британските истражувачи во 1999. покажале дека во период од 12 месеци стапката на алергиски реакции од соја во Велика Британија се зголемила за 50 отсто.
Во 19 засебни студии за безбедноста на ГМО е докажано дека е штетна. Во студиите ГМХ била тестирана на глувци, им било давано генетски модифицирана пченка. Дел загинале, а дел имале проблеми со црниот дроб и бубрезите. Тие велат дека иако не можат да се споредат организмите на глувците со луѓето, сепак ова е една потврда дека ГМО лошо влијален на живите организми генерално.

Остави коментар