Каква е контролата во Македонија за ГМО храната ?


Она на кое последно ставаме акцент е ГМО храната која што веќе ни е познато дека таа настанува кога се мешаат гени на животни со растенија.

Зборувавме за нејзината штетност, исто така и затоа како да ја препознаете, голем број екологисти и научници постојано истакнуваат дека ваквите генетски модифицирани производи се штетни по здравјето и дека тие предизвикуваат алергии, слабеење на имунитетот, лачат токсини, предизвикуваат сериозни оштетувања на самиот организам. Македонија во 2013 година го забрани производството и прометот на ГМО-храна сѐ додека не стане членка на Европската Унија. Но во јавноста постојано е присутно прашањето колку ефикасно може да се спроведува забраната.

-Контролата е како што ние велиме “Борба на црнци во тунел”, не се знае кој кого го удира и зошто, доаѓа соја на Солунското пристаниште и трговците купуваат ефтина соја која е генетски модифицирана а се продава без контрола на пазарите како да е генетски ослободена од генетски модифицирани организми, вие не можете во истиот род да купите ГМО и не генетски модифицирана, изјави Проф. Д-р Борис Ангелков експерт по здрава храна

Научниците, како и експертите за храна, имаат поделени мислења за тоа дали е штетна употребата на ГМО. А потрошувачите имаат право да знаат што купуваат и сами да одлучат за изборот.

 

ТвТера

Остави коментар