Ќе се сотрат поколенијата


Доктор Слаѓана Велкова, лекар по општа медицина, потенцира дека луѓето треба да знаат оти ГМО-храната се добива со мешање на животински со растителни гени, што не е природно и е опасно.

VELKOV– Професор Арпад Пустај направил истражување во Шкотска, во Институтот „Ровест“, врз глувци и сите што јаделе ГМО-храна заболувале од разни болести. Според истражувањето што го направил Алексеј Суров од Руската академија на науките, третата генерација глувци што јаделе ГМО-храна биле стерилни. Тоа значи дека и нашите внуци би биле стерилни. Истражувањето на Жил Ерик Сералини од Франција, кој бил молекуларен биолог, покажало дека глувците што јаделе ГМО-храна по четвртиот месец добивале карцином, автоимуни заболувања и други болести – информира Велкова.

Таа вели дека последиците од употребата на ГМО-храна за нашата земја не би биле само медицински, туку и економски и еколошки.

– Никој нема да купува ГМО, а приносите со ГМО-семе нема да бидат поголеми како што се тврди, напротив се исти, па дури и помали. Македонија не би можела ниту да извезува растенија, никој нема да ги купи. Тоа ќе им штети и на земјоделците. Економска добивка ќе имаат само компаниите што произведуваат ГМО-семе. А тоа семе е стерилно. Секоја година мора да се купува. Така, луѓето се доведуваат до зависнички однос. На тој начин и Македонија и граѓаните на Македонија би станале робови на компаниите што го произведуваат тоа семе -објаснува Велкова и додава дека од нас зависи дали во иднина ќе имаме просперитетна, самостојна и здрава Македонија.

Таа информира дека засега во 167 земји во светот се забранети произведувањето, одгледувањето и дистрибуцијата на ГМО-храна и оти Македонија треба да биде 168-ма.

10 Comments

  1. Ангелко says:

    знам и сигурен сум само во тоа, дека тој што го создал човекот и сиот друг свет околу него – НЕМА ДА ДОЗВОЛИ НЕГОВО УНИШТУВАЊЕ- ВСУШНОС ТОЈ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ДА БИДЕ УНИШТЕНО НИШТО ОД ОНА ШТО ТОЈ СОЗДАЛ.

  2. farmacefta says:

    Potpolno ve podrzuvam Doktorke Slagjana,zatoa shto potpolno go znam ishodot od GMO hranata i voopshto nejadam se i seshto znaejki za ishodot od GMO hranata,zatoa denes ima pregolema neplodnost kaj mladite no koga ke slushnam za takvo neshto,deka prekrasni mladi parovi se bez dechinja a se trudat naporno sekogash im preporachuvam da zemaat od bilkite koi ni gi dala majkata priroda a toa se:Macinata treva,Konopljikata-koja formira kaj zenata pogolem broj na folikuli,Virakot im go preporachuvam da se zashtitat od zlochudnite bolesti,policistichni,jajnici,miomi,kancer na gradi vo kombinacija so ajduchka treva,potoa ja pravi kristalno chista matkata poslem sekoj abortus i mnogu drugi raboti so eden zbor ima Shirok spektar na deluvanje Virak(BIserok) Babin zab-koj e prekrasen za sterilitet posebno kaj mazi gi ima mnogu prirodni darovi od prirodata pa zatoa i se svrtija golem del od narodot da upotrebuvaat neshto koe e prirodno i neshtetno,isfrlajki ja hemijata,koja e so eden kup Nus pojavi.

Остави коментар