Ќе ве шокира која храна се е ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА


Доколку потребата за да се запре ГМО, од она што досега го знаете, не ви е доволна , овој текст би требало барем во најмала рака да ве загрижи.

gmo2

Еве еден поглед за едно потенцијално бизарно ширење на ГМО. Некои од овие хранливи продукти веќе се познати, но некои можат да дојдат и како вистинско изненадување за вас.

Како што може да се забележи од досегашните истражувања, ние се наоѓаме на крстопатот каде што можеме да ги одделиме опасниот и манипулативниот фабрички живот, со светиот кодекс на природата, кои несомнено влијае на секој од нас.

Она што го знаеме досега во борбата против ГМО и спасот на органското, не е само борба за она што го знаеме до вчера, што е доволно лошо, туку е борба против иднината и развивањето на ГМО, што претставува нешто страшно, умопомрачено и кое најверојатно, ако не се победи ќе трае долг период.

Во едно истражување се покажало дека 35 видови на риба, освен лососот, се генетски инжинеринг од различни својства.

Шеќерна репка

И покрај фактот дека студијата уште не е завршена, USDA објави дека земјоделците сега можат да посеат „Monsanto’s Roundup“ шеќерно цвекло кое може да издржи хербицид. Ваквата одлука доаѓа и покрај судската наредба во 2010 година која забранува садење на ГМО цвекло, додека студијата е во тек. Од шеќерната репка речиси се произведува половина од шеќерот во Америка.

gm_corn_grenade_5

Пченка

Ако јадете каква било преработена храна, на редовна основа, житарици, чипсови, тортици и др. шансите дека јадете модифицирана храна се неверојатно големи.

Центарот за безбедност на храната проценува дека над 70% од обработената храна во американските продавници, содржи генетски модифицирана пченка или соја. Таа содржи протеини кои ги убиваат инсектите.

Оризот

Оризот често се модифицира за да биде отпорен на хербициди и пестициди, со цел да се зголеми количината и да се генерираат хранливите материи кои не постојат во природниот ориз. Сортите вклучуваат хербициди отпорни на „LibertyLink“ ориз, витамин А „златен ориз“, и бизарниот „Ventria Bioscience“ „Еџпресс Тец“ ориз, кој содржи човечки протеини, кои моожат да се најдат во мајчиното млеко.

Памукот

Ние не мислиме на памукот како храна, затоа што тој технички и не е храна, но, сепак на крајот завршува како јадење. Памукот не е класифицирана прехранбена култра, така што земјоделците можат да користат какви било хемикалии за да го одгледуваат истиот и за да истиот побрзо порасне. Но, од истиот се создава маслото кое е присутно во производите како мајонез, преливите за салата, кои може да се спакувани и полни со пестициди. Заедно со сојата, пченката и памукот се одгледува за масло, една од најчесто генетски модифицираните култури во светот.

gmo1Доматите

Тие се меѓу првите модифицирани прехранбени производи. ГМ доматите содржат високи анти-оксиданти, со цел да добијат поголем интезивен вкус и да останат свежи подолг период. Иако во моментов не сите домати се генетски модифицирани низ полиците по продавниците, сепак голем дел од научницит ги користат за проучување на функцијата на гените кои се природно присутни во растенијата.

Сојата

Најчеста генетска модифицирана храна е сојата. Од 1996 година, научниците создаваат сорти на соја кој се отпорни на штетници и хербициди. Еден нов вид на ГМ соја, со повисоко ниво на здрави масла беше одобрен од страна на USDA во 2010 година.

Канола масло

Канолата е семе од репка, кое што најчесто на крајот завршува како прехранбено масло, а во Америка претставува едно од најголемите готовински култури. Она што не е познато многу во јавноста, е тоа што канолата се користи за преработка на „канадско масло, ниско киселина“, нешто на кое се однесува на различните семиња од репка, кои што се развивале во текот на 70-те години. 80% од посевите со канола во САД се генетски модифицирани, а направена студија во 2010 година покажува дека во Северна Дакота модификуванте гени од овие растенија се шират до 80% во пределите со природно семе.

gmo3Овошје

По Ригспот вирусот речиси сите култури на овошје на Хаваите беа уништени, а новата сорта на Инжинерите беше со цел да и се спротистават на болеста. Ваквиот нов вид на овошје се одгледува во САД каде што го конзумираат мнозинстовото на граѓани.
„Овошјето ќе биде уникатно во смисла каде што индустријата во Хаваи е зависна од биотехниката. Она што го имаме на Хаваи е доста заразно, изолиран агро-еко систем кој е подлежен на голем број на болести“, вели Кевин Ричардс, директор на регулаторните односи на американската фарма.

Лосос

Лососот може да стане првото генетско модифицирано суштество одобрено за човечка исхрана. FDA одлучи дека голем број на GMO лосос, кои расте два пати побрзо за разлика од природните врсници, е безбеден за прехрана и за животната средина.
„Треба да се соочиме со фактот дека ваквиот вид на животно порано или подоцна ќе заврши во океанот. Мислам дека ако одиме по тој пат, мораме да бидеме подготвени да ги прифатиме некои од потенцијалните непознати последици“, изјавил Брајан Елис биотехнологист на Универзитетот на Британска Колумбија во Ванкувер.

med3Медот

Можно ли е да модифицираните култури да имаат поврзаност со мистериозните болести кои убиваат колонии колонии на пчели, чија бројка надминува над милијарди?
Некои истражувачи веруваат дека е така. Зоолог во Германија покажал дека гените кои што се користат за менување на семињата кај репките, биле трансформирани во бактерии кои живеат во внатрешноста на пчелите.

GMO во моментов се смета дека е причина за изумирањето на огромниот рој на пчели, но уште пострашно е тоа што ваквите гени кои можат да придонесат до промени во рамките на пчелите, исто така може да предизвикаат промени и кај медот кои истите тие го произведуваат.

Компири

Првата генетска модифицирана храна одобрена за одглдување во Европа во период повеќе од една деценија е компирот, кој во моментов се одгледува во Шведска. Содржи високо количество на скроб, ваквите компири можат да се употребат во производство на хартија, лепило и други комерцијални производи, но, не и за прехрана. Но, тоа не значи дека тие нема да завршат во чинијата на луѓето.

Шеќерна трска

Обезбедувањето на другата половина на шеќерот во Америка доаѓа од шеќерната трска. Бразилските земјоделски истражувачи работат на развивање на шеќерна трска која би можела да биде отпорна на суша и која исто така може да го зголеми приносот во наредните неколку години. Ваква верзија исто така се развива и во Австралија.

stock-illustration-13567737-bananaБананите

Откако културата на банани во Уганда беше погодена од бактериска болест која предизвика изумирање на растенијата, научниците развија генетска модифицирана варијатна која може да помогне во ублажувањето на 500,000,000 долари годишната загуба.

Забраната за GMO кај посевите беше поништена со цел да се отвори патот за верзијата за GMo како главна прехранбена индустрија во Уганда.

Генот од слатки пиперки беше вметнат во бананите, кои пак ги направи отпорни на ваквата бактерија. Култивираните банани речиси и да немаат генетски диверзитет, така што поддржувачите на ваквата одлука тврдат дека воведувањето на GMO во овошјето, всушност ќе помогне во битката на бананите со бактериите.

Остави коментар