Македонија ќе биде чиста – Се забранува ГМО-храна до влез во ЕУ – а потоа?


Македонија ќе ги забрани производството и прометот на генски модифицираната храна с` додека не стане членка на Европската Унија. За таа цел се менува Законот за безбедност на храната, кој е веќе во собраниска процедура. Со измените се пропишува во иднина секој правилник што ќе се носи од Агенцијата за храна и ветеринарство да мора претходно да добие согласност од Владата.

gmo– Овој закон има цел да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните и да ги уреди работата и надлежностите на органот што ќе го спроведува. Основни решенија на законот се воведување забрана за увоз, производство и ставање во промет на ГМО-храна, производи што содржат-ГМО храна или се составени од ГМО с` до влезот во ЕУ – се вели во предлог-законот.

Во него се воведува одредба со која сите правилници што во иднина ќе ги носи Агенцијата за храна и ветеринарство треба да бидат со претходно добиена согласност од Владата. Во исто време е утврдено дека надлежните институции треба да внесат одредби во сите закони што ја третираат генски модифицираната храна.

– Се забранува производство, ставање во промет и увоз во земјава на храна и производи од храна што содржат ГМО или се составени од ГМО. Агенцијата спроведува официјална контрола за утврдување на спроведувањето на забраната, а директорот на Агенцијата го пропишува начинот на вршењето на официјалната контрола – стои во предлог-законот.

makedonija gmo111Во него се пропишува дека ГМО-храната не смее да има негативни ефекти врз здравјето на луѓето, животните и животната средина, да го доведува во заблуда потрошувачот во однос на нејзиниот состав и својства и да се разликува од храната и состојките на храната, кои треба да ги заменат до таа мера, што нивната нормална консумација би имала негативен ефект за потрошувачот.

Исто така, операторот со храна кој прв пат сака да стави во промет ГМО-храна на пазарот во земјава треба да поднесе барање за одобрение за ставање во промет до Агенцијата за храна и ветеринарство, а таа ќе води регистар на одобрени производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како ГМО-храна.

Директорот на Агенцијата во согласност со министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно планирање ги пропишува посебните барања за безбедност на ГМО-храна, означувањето и барањата за следливост на прехранбените производи што содржат ГМО-храна или се составени од ГМО, барањата за следливост на храната произведена од ГМО.

Србија под притисок од СТО

Министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ, вчера изјави дека мора да дозволат промет на генски модифицирани организми (ГМО) ако сакаат да бидат примени во Светската трговска организација (СТО).

– Забраната за производство на ГМО ќе остане дел од домашната регулатива. Во СТО и во Европската комисија реагираат на забраната на промет на оваа храна и таа мора да се избрише. Веќе во следниот член од законот можете да наведете с` што мора истата храна да исполни за да се дозволи прометот – изјави Љајиќ.

Според него, ако Србија сака во декември да стане членка на СТО, мора законите да ги измени многу брзо, бидејќи следниот рок за прием во оваа организација е дури следната година.

Дневник

2 Comments

  1. Goca says:

    Do vlezot vo EU!? Ako EU ja podrzhuva GMO togash taa ne se grizhi za zdravjeto na lugjeto, tuku taa se grizhi iskluchivo za korporaciite i finansiite koi gi dobiva od niv! Eve eden predlog do Vladata na Makedonija vo vrska so GMO: Prvo, GMO bez dozvola da bide najstrogo kaznuvano, a vtoro cenata na GMO i danokot za GMO da bide enormno poskap od organskite proizvodi, odnosno organski nasprema GMO da bide 1:10. Na toj nachin i trgovcite nema da sakaat da ja uvezuvaat!

    • Тони В. says:

      па многу е јасно за кого се грижи ЕУ и без ГМО. корпорациите се тие што зарабитуваат од огромната корупција во брисел. па дури има и акт на ЕУ во кој се вели дека нема доказ дека ГМО има негативно влијание на луѓето и не смее да се третира различно од останатата храна. да и се заблагодариме на грција за блокадата.

Остави коментар