Монструозните последици од генетски модифицираната храна


Во Франција беше направена досега најтемелната студија, која имаше за цел да го испита долгоорчнато влијание на консумирањето на генетски модифицирана храна, за да се утврди безбедноста на употребета на генетски модифицирани организми или ГМО во исхраната.

За таа цел стаорци биле хранети со генетски модифицирана пченка, која зафаќала 33% од нивната вкупна храна.

ГМ пченката e широко распространета во исхраната на луѓето и животните во САД и може да се најде помеѓу другото и во “здравите” корн флекс производи, житарки итн.

Во студијата имало 3 групи, едната група јадела ГМ пченка, другата група јадела ГМ пченка која е модифицирана за да биде имуна на Рандап (хербицид кој ги уништува коровите, а на кој ГМ пченката е имуна, а е создаден од Монсанто – истата компанија која произведува модифицираната пченка) и третата група била хранета со ГМ пченка и пиела многу мали количества на Рандап, кои биле присутни само во траги и биле во рамките на дозволената граница што смее да ја има во водата за пиење.

Студијата покажа благо речено шокантни резултати. Стаорците биле преполни со тумори со големина на тениски топчиња. (погледнете ја сликата)

Смртноста кај мажјаците била 50%, додека кај женките била 70% , споредено со контролната група каде овие бројки биле 30% и 20%.

Само после 4 месеци исхрана со ГМ пченка кај мажјаците и после 7 месеци кај женките се развиле тумори на млечните жлезди и оштетувања на органите.

Кај глувците пак на кои им бил даван и Рандап во траги бројот на големи тумори бил поголем за 200-300% и страдале од масовни оштетувања на внатрешните органи, особено на црниот дроб и бубрезите.

Претходни студии ја исптуваа безбедноста на ГМО храната само до 3 месеци. Ова е прва долгорочна и најтелемна студија досега.

Неколку цитати од истражувачи кои работеле на студијата:

Овие истражувања покажуваат вонредно голем број на тумори кои се јауваат порано и поагресивно – особено кај женските животни. Шокиран сум од екстремно негативните здравствени ефекти. – Michael Antoniou

Можеме да очекуваме дека консумацијата ја ГМ пченка и хербицидот Рандап сериозно влијае врз човечкото здравје. – Michael Antoniou

Ова е прв пат да долгорочна студија го испитува влијанието на хранењето на животните со ГМ пченка, хербицидот Рандап или нивна комбинација и резултатите се екстремно сериозни. Кај машките стаорци имаше нарушувања на црниот дроб и бубрезите и уште позагрижувачки кај женските стаорци имаше тумори на млечните жлезди на ниво кое е екстремно загрижувачко, до 80% од женките развија тумори до крајот на студијата. – Patrick Holden

Остави коментар