Налепниците на овошјето имаат значење – еве кои се ГМО, а кои здрави ознаки
Иако на почетокот налепниците и етикетите на овошјето и зеленчукот изгледаат како да немаат значење или смисла, сепак тие имаат повеќе функции од ливчето со цената.
Со читање на кодот можете да утврдите дали плодот е генетски модифициран, органски одгледуван или произведен со хемиски ѓубрива, фунгициди, или хербициди.
Тука се основите на она што треба да го знаете.
1. 4 бројки почнува со бројот 3 или4 – има пестициди прскано е
– PLU налепниците кои почнуваат со броевите 3 или 4 и имаат вкупно четири цифри и укажуваат на тоа дека производот конвенционално расте. Ова значи дека овој продукт бил испрскан со хемиски пестициди. Пред да ги конзумирате, измијте ги добро.
2. 5 броеви почнува со 9 – ОРГАНСКО
– Доколку има пет броеви во PLU, и почнува на 9 тоа значи дека производот е органски. Последните бројки од кодот означуваат за каков вид на зеленчук или овошје станува збор. На пример сите банани се означени со кодот 4011. органска банана би била 94011
3. 5 броеви почнува со 8 – ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНО
-Доколку постојат пет броеви во кодот PLU, а бројот започнува со 8, ова покажува дека овој продукт е генетски модификуван. Така на пример кодот за баната во овој случај е 84011. Невозможно е да јадете органски продукти, кои израснале од генетски модификувани семиња.
Патем лепилото кое се користи за да се закачат налепнциите се смета за храна, но не и самите налепници.