Наздравје ГМО за Европа – ЕУ ќе дозволи садење ГМО пченка – ќе не принудат ли и нас?


До крајот на оваа година, Европската Унија би можела да одобри одгледување на генетски модифицирана пченка 1507 на нејзина територија. Ова го дозволува планот што минатиот месец го поддржа Европската комисија, но ќе се случи само ако се согласат поголем дел од членките.

gm_corn_grenade_5Ако планот се оствари, ова ќе биде прв закон со кој се дава зелено светло за сеидба на генетски модифицирано семе во ЕУ. Пченката 1507 е производ на американската „Дипонт Пајонир“ една од водечките светски компании за генетски модифицирани организми. Научниците и еколозите предупредуваат на штетноста на таквите производи.

Компанијата пак тврди дека пченката 1507 е безбедна,  отпорна на инсекти, влага и суша.  Еколозите се противат.

„Никаде во светот не се прават тестирања на три, пет ниту на десет години, бидејќи се скапи. Европската агенција за безбедност на храната, мора да воведе соодветни тестови и да обезбеди пари за нив“, велат  од канцеларијата „Гринпис“.

И меѓу ЕУ членките има спротивставени ставови за ГМО храната, но и покрај тоа комисијата има овластување до крајот на годината да одобри продажба и одгледување на пченкате.

Шпанија и Велика Британија изразија подготвеносд за сеење на ГМО  пченката, додека изразено негативен став имаат Франција, Австрија и Полска.

Остави коментар