Ние сме биле само заморчиња – најголемите произведени ГМО зла


Семоќниот Монсанто кој наскоро ќе ја покрие целате САД со нивните ГМО семиња, а потоа веројатно и остатокот од светот, секогаш прават … грозни нешта

MonsantoМонсанто е компанија чие име обично се изговара со стравопочит или со презир, во зависност од тоа дали сте на неговиот платен список или не. Сите присутни производители на ГМО семињата по кои ништо не може да расте, освен тие самите, а мора да се купат секоја година, имаат долга историја на производство на монструозните производи кои ја загадуваат животната средина.

ГМО Awareness, организација која се занимава со информирање на јавноста за штетните последици од генетски модифицираните организми, составила листа на производи добиени од лабораториите на Монсанто која ќе ви ја подигне косата на главата, нарекувајќи ја соодветно Dirty Dozen (Валкани Десетина):

1.Сахарин

Монсанто е основан токму заради еден од најканцерогените додатоци на храната – сахаринот. John Francisco Queeny ја основал Монсанто Chemical Works во Сент Луис за да го произведе сахаринот и да го продаде на Кока-Кола. Сахаринот беше на листата на канцерогените производи, додека Монсанто не оркестрирал кампања која вродила со плод и злото се вратило во употреба.

2. ПХБ

Полихлорираните бисфенили се друг, уште еден бисер на Монсанто, база за производство на течноста за ладење на трансформатори, кондензатори и електрични мотори. Се разбира, се работи за канцерогени соединенија кои се исклучително штетни за здравјето на човекот, според многу истражувања, па е производството на ПХБ забрането во САД. Логично, во моментот кога Монсанто ги преселил своите фабрики во странство, каде што се забранети дури во 2001 година. Според интерните меморандуми кои се објавени јавно, Монсанто знаеле за канцерогените ефекти од 1956 година.

Но, загадувањето, кое успеале да го направат во САД сѐ уште е присутно, бидејќи ПХБ може да се пронајде во крвта на бремените жени, дури и денес.

3. Polystyrene (Стиропор)

На почетокот на Втората светска војна, Монсанто се фокусира на производство на стиропор, кој сѐ уште се користи за пакување на храна (како она што ви го носат на испорака на работа). Кога следниот пат тоа ќе го видите, сетете се дека се работи за комбинација чие производство е петто на листата на највалкани производства кои имаат најопасен индустриски отпад.

4. Атомска бомба

Без разлика колку лудо ова звучи, Проектот Менхетн, или изработка на првата американска атомска бомба, се работеше во лабораторија, која две години пред почетокот на проектот ја купил – Монсанто! Експертите на “саканата” компанија работеле на прочистувањето на плутониумот и на рафинирање на хемикалиите за запалки на атомски бомби – значи, технологијата на производството ја имаат од самиот почеток.

5. ДДТ

Најзлогласниот инсектицид на сите времиња, одговорен за многу деформитети и смртни случаи на децата, луѓето и животните беше развиен во лабораториите на Монсанто. Можете само да замислите колку е токсичен кога е забранет во 1972 година, кога уште беше дозволено да се пуши во просториите полни со деца.

6. Диоксин

Диоксинот, основата на многу Монсантови хербициди и пестициди, предок на монструозниот Agent Orange, од кој е поопасен единствено нуклеарниот отпад, е Монсантов изум од 1945 година.

7. Agent Orange

Што Agent Orange направи во Виетнам, веројатно сте виделе многу пати – загинаа 400.000 луѓе, половина милион деца се родени со деформитети, а повеќе од еден милион луѓе ги почувствувало последиците на ова грозоморно соединение. Покрај тоа, повеќе од три милиони американски војници и нивните потомци имале здравствени проблеми.

8. Ѓубрива базирани на нафта

Ѓубривата на база на нафта Монсанто почна да произведува 1955 г. откако ја купил рафинеријата. Проблемот со таквите вештачки ѓубрива е дека тие ги убиваат корисните микроорганизми во почвата и на тој начин ја стерилизираат и ја прават зависна од вештачкото ѓубре.

9. RoundUp Преглед

RoundUp е хербицид произведен на почетокот на 70-тите години за да се уништи плевелот, но со него веднаш дојде и семето отпорно на неговото дејствување. Навистина, бројните студии укажуваат на негативните ефекти по човековото здравје, а може да се најде насекаде, од водата од подземните извори до воздухот.

10. Аспартам

Наследникот на сахарин има интересна историја на одобрувањето за употреба во човечката исхрана – од седум мајмуни на кои е тестиран, еден загина, а пет добија силни епилептични напади, но сепак е одобрен од FDA во 1974 година. Според американската агенцијата за здравје, аспартамот има 94 штетни ефекти врз здравјето на луѓето.

11. rBGH – кравји хормон за раст

Овој генетски модифициран хормон Монсантого го развил за инјектирање во млечните крави за да даваат повеќе млеко. Но, кравите кои ќе добијат rBGH страдаат од ужасна болка поради маститис и потечени вимена, а гнојот од тие воспаленија влегува во млекото, кое потоа се третира со антибиотици. Млекото кое содржи rBGH е поврзано со ракот на дојката, дебелото црево и простатата .

12. ГМО култури

Со почетокот на 90-тите години Monsatno тргна во офанзива со семето на генетски модифицираната пченка, соја и памукот, кои требало да имаат две намени: внатрешен пестицид или отпорност на RoundUp. Штетите од ГМО семињата се безгранични, а Обама тукушто потпиша закон со кој Монсанто всушност го постави над правните институции на САД и им овозможува садење на било што насекаде, без можност за судска забрана или тужби кои би резултирале со наплатување на надоместок од Монсанто.

Ете, па размислете уште еднаш што ќе јадете …

Извор – Кукурику.мк

Остави коментар