Никој не контролора дали во Македонија има ГМО – закон има – инспекции нема


За опасноста од ГМО зборуваат и законските одредби во нашиот закон, кој не се почитува. Предвидени се мерки за итни интервенции, за да се спречи ширењето на посевите со ГМО, како и строги казни и контроли. За пуштање ГМО во промет се потребни посебни дозволи. За следење на состојбата се предвидени и две стручни тела. Законот е сложен и прецизен, исто како што треба да биде сложена и прецизна контролата на прометот со ваквите модифицирани организми.

inspekНо поразително е што ништо од тоа не се спроведува. Стручните комисии постојат само на хартија, а контролата дали јадеме генетски модифицирана храна е сведена на читање на декларациите што ги напишале самите производители! Надлежните треба да знаат дека и самите купувачи умеат да го прочитаат списокот со состојките, а инспекциите постојат не за да читаат, туку за да н` уверат дека тоа што го пишува е вистина!

Ако надлежните од Агенцијата за храна тврдат дека Македонците не јадат ГМО, им треба поуверлив доказ пред населението. Оти, познато е дека најголемите светски производители на ГМО – САД, Kанада, Kина, Аргентина итн. – воопшто не се должни, според нивните законодавства, да ги означуваат изменетите состојки во храната што ја произведуваат. Ако ние увезуваме храна од овие земји, а контролата ја спроведуваме само со читање, како знаеме дека нема ГМО кога и да го има, нема да биде напишано? Kој со кого тера мајтап? Надлежните со нас или големите сили со нашите надлежни или, пак, производителите на ГМО со целиот свет?

Дневник

Остави коментар