Од САД ќе доаѓаат јаболки отпорни на гниење


Американските регулаторни власти во петокот одобрија два врсти генетски модифицирани јаболки, отпорни на гниење и покрај противењето на индустријата за органска храна и останатите критичари, кои се обидоа да ја спречат оваа одлука. 

jabolkiУправата за инспекција на Министерството за земјоделство ги одобри новите врсти јаболки кои ги разви канадската компанија Okanagan Speciality Fruits Inc. со објаснување дека „малку веројатно е дека ќе претставуваат ризик за земјоделството, поради засиленото третирање со пестициди“.

Okanagan планираат да продаваат јаболки под називот Arctic Granny и Arctic Golden и тврдат дека се идентични со обичните јаболки, освен што нема да гнијат.

„Тоа е голема работа за нас и едвја чекаме да ги понудиме на пзарот“, изјавил Нил Картер, директорот на компанијата, кој одлуката на управата ја нарекол „историска“.

Директорот на Здружението за органска храна Рони Куминс, истакнува дека јаболките вообичаено се третираат со десетина различни пестициди, а генетските варијанти со многу повеќе.

„целата оваа работа е уште еден голем експеримент врз луѓето без оправдана причина“, истакнува Куминс.

Генетски моифицираните јаболки ќе бидат во помали количини достапни кон крајот на 2016 година, а ќе бидат потребни години за да станат достапни и пошироко.

Остави коментар