Ориз со ГМО увезен во Турција


Анализите на примероци од увезен ориз, конфискуван минатата недела на пристаништето Мерсин во јужна Турција, утврдиле високо ниво на генетски модифицирани организми, јавија турските медиуми.

gm-rice-2Во соопштението на фирмите увознички „Тираки Агро“, „ТАТ Балијат“ и „Ѓузе Тарам“ се наведува дека оризот на содржи ГМО и дека можеби тој бил заразен од други продукти како пченка или соја, кои се превезувани со истиот брод.

По добивањето на резултатите од анализите на тестовите обвинителството во Мерсин издаде наредба за приведување на раководителите на трите фирми увознички.

Во рамки на истражувањето се приведени осум лица под обвинение за „биолошки тероризам“ и „шверц“.

Освен тоа обвинителството во Мерсин издаде наредба до дирекциите за земјоделство во 25 окрузи да извршат проверки на вкупно осум тони ориз, пласиран на пазарот од фирмата „ТАТ Баклијат“.

Остави коментар