Петнаесетгодишниот Мартин ја брани Македонија од ГМО


Да се забрани влез на сите продукти од прехранбената индустрија и храната за животни што содржи генски модифициран состојки. Да се поттикнува домашното производство на здрава органска храна, зеленчук, овошје и месо, храна без отрови, храна што ги задоволува потребите на организмот, наспроти ГМО-храната, која нема никаква нутриционистичка вредност, а содржи големи количини отрови, поради што предизвикува рак, стерилитет, бубрежни и срцеви заболувања, дијабетес, имунолошки и други болести, порачаa   дел од приврзаниците на фејсбук-групата „Стоп за ГМО во Македонија“.

martinМартин е и основач на фејсбук-групата „Стоп за ГМО во Македонија“. Тој е прва година во гимназијата „Свети Kлимент Охридски“ и е поборник за здравата органска храна, бидејќи како што вели, ГМО -храната е многу штетна за здравјето на луѓето. За ГМО тој се заинтересирал на интернет, по што ја основа сега активната група од 2.700 поддржувачи и истомисленици .

– Пред една година прочитав на интернет за овој вид храна. Се заинтересирав. Многу истражував и дојдов до сознанија и фрапантни податоци, кои укажуваат на тоа колку ГМО го загрозува нашиот живот. Уште веднаш се информирав дали постои движење, а потоа ја формиравме и групата и оттогаш редовно ја информираме јавноста на секаков начин за сите наши активности, но и новости од оваа област – изјави Мартин.

Меѓу поддржувачите  и Силвана Ѓорѓиевска, нутриционист.

8477FC0DB73D184185740971A0B6868F– ГМО ја создава генскиот инженеринг со посебна техника во чии рамки во ДНK се вметнува нов ген. Со вметнувањето на тој ген настанува модификација, односно промени во генскиот материјал. Со тие промени доаѓа до мутација и настануваат дегенарации во самиот организам. Секој што користи ГМО храна со текот на времето, а и наследно, добива нуспојави. Се намалува наталитетот особено по третата генерација и човештвото може да изумре – тврди Ѓорѓиевска.

Според неа, целта на ГМО-инженерингот, односно на моќниците што го наметнуваат ова, се материјалните добивки и нивната замисла дека само тие се богати и можат да прават што сакаат.


13 Comments

  1. farmacefta says:

    Bravo Martin,iako si dete ozbilno si ja svatil shtetnosta na GMO proizvodite no golem del od tvoite vrsnici seushte jadat takva hrana kako:sendvichi,chips,chokolasda,domati,piperki,krastavici,supi,chaevite na Liption,site sokovi gazirani i negazirani koi se prepolni so ASPARTAM-koj e dobien od izmetot na bakterijata E-Coli,ovoshjeto koi gi strvi zaradi negovata golemina i ubavina no se shto e ubavo i golemo i ednolichno go jade crvot narechen GMO.Bravo Martin za tvojata hrabrost i razmisluvanje za GNO hranata,koja go nosi cel mlad svet vo provalija od kade nema potoa spas.Kolku mozish na tvoite mladi drugarchinja otvaraj im gi ochite za ovaa preopasna hrana za da mozat da se zashtitat od golemite posledici.Istoto go pravam i jas,zatoa shto si go sakam svojot narod,ako e chovek shto saka neka bide i neka se zdravi i zivi.Za na kraj koga bi vnele od GMO hranata pa i nemozete da znaete sekogash sigurno,zatoa zemajte sekojdnevno ZELKA,MORKOV i GROZJE,koi se prekrasni chistachi na organizmot od GMO hranata.

Остави коментар