Писмо од загрижен Македонец – Создавање на светот, Бог и ГМО


1. Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. 2. Земјата беше безоблична и празна…

11. И пак рече Бог: „Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, според својот род и вид и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!“ И стана така. 12. И пушти земјата од себе зеленило: трева што дава семе според својот род и вид, а и дрво плодородно што раѓа плод и чие семе е според нивниот род на земјата. И виде Бог дека е добро. 13. И би вечер и би утро – ден трети.

gmo domat20. Потоа рече Бог: „Нека произведе водата лазачи, живи суштества и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!“ И би така. 21. И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивни. И виде Бог дека е добро. 22. И ги благослови Бог, велејќи: плодете се и множете се и наполнете ја водата во морињата и птиците нека да се множат на земјата. 23. И би вечер, и би утро – ден петти. 27. И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.

28. И ги благослови Бог и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа“. 29. И рече Бог: „Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!

Немав намера повеќе вака јавно да ги искажувам моите мисли, но ова навистина беше посилно од мене. Се работи за проблем, и тоа голем, кој многу наивно сака да се протурка во глобални рамки, а кај нас нели тоа поминува далеку понезабележително. Почнав намерно, со првата книга Мојсиева од Светото писмо – Битие. Битие, од него битисување, збор мој омилен, не знам дали сите го разбираат, но кој многу кажува. Во интерес на просторот, за жал, ви давам извадоци и кои сакам внимателно да ги прочитате и препрочитате и пак и пак… Извадете ја од домашната библиотека Библијата или ако ја немате побарајте го Светото писмо онлајн, та прочитајте с`. Што сака Бог да ни каже преку овие зборови, преведени на сите јазици во светот? Јас нема да ги толкувам, можам тоа да си го правам за себе, за повеќе не сум достоен. Размислувајте.

tomato gmoЗнае ли некој што е ГМО просто кажано. Еве најпрост пример. Првиот ГМО е чинам доматот. Личи на домат, но во него биле вметнати гени од риба!? Можете да замислите. Ви дејствува привлечно? Етички ли е? Хранливо? Нешто што би го ставиле в уста? Сојата. Пченката. И ред други. И сите излегуваат од лабораториите на едвај неколку корпорации, кои нели по правило се со мултимилијарди капитал. Е, тие имаат невидена моќ на убедување (читај подмитување) и каде што не можеме да замислиме, а не кај такви како нас. И сега нив наеднаш не им е до профитот, туку до нас? До благосостојбата на нашите стомаци. Верно ви гледа? Сме биле пренаселени. Немало доволно храна, та ова било единствениот спас!? Па да застанеме еден до друг сите седум милијарди и згора би зафатиле простор едвај колку Лос Анџелес. Ви се верува ли дека ако не се тие, ќе умреме од глад? Земете глобус, најдете го градот на ангелите и споредете го со останатото пространство земја и океани и можеби ќе ви стане појасно. За пусти пари е.

А ова кај нас е посебна приказна. Прво животните, а нели со тоа плус и тоа синхронизирано со ЕУ-законите, а се знае до кај сме со тие процеси. Само ова ни остана. Божем, колку што можам да разберам, ние животните ги одгледуваме за миленичиња. Ни ги молземе ни ги јадеме. Еве јас не ги јадам, ама сум минорно малцинство. Овие експертите што се повикуваат на ова или она ќе подлежат на некаква одговорност? Kолку и с` друго. А кога ќе дојде до тоа, ќе биде доцна. Без можност за поправен испит. А ~ верувам и на интуицијата, која ми вели дека оние што ја произведуваат и ја промовираат ГМО-храната не сакаат нивните деца ни да ја помирисаат.

GMO-Orange_FeaturedИ пак ќе потенцирам. Прочитајте и сами донесете заклучок. Живееме во век на глобализација. А јас од неа најмногу, односно единствено, го сакам глобалниот пристап до информации. И не можат да ме лажат. Ни за она ни за ова. И запомнете. Ова е да се биде или не. Мислам дека границите до кои треба човекот да оди јасно му се одредени од времето на неговото создавање. С` друго е мамка на ѓаволот лично. И бидејќи од горенапишаните зборови ви станува јасно и дека не сум некој што верува во теориите на Дарвин, само по себе значи и дека не верувам дека потекнувам, а и не сакам да ме прават мајмун. И на крајот кога видел Бог дека е добро она што го направил, кој сме ние да поправаме. Затоа, Пресвета Богородице, моли се за наше спасение. Друго нити знаеме нити можеме.

Васко KраЈЧевски
(авторот е ВKВ KKK*)

*кафе-кувар и келнер, та и јас да се пофалам дека сум експерт за нешто, а не само овие кои љубат да бидат цитирани

П.С. Малку мајтап со ова титуливе, с` само професори, доктори, магистри, а светло во тунелот од нигде никаде.

Писмото е испратено до Дневник 

Остави коментар