ПО БАРАЊЕ НА ЈАВНОСТА Ќе се повлечат правилниците за ГМО храна


Владата ќе ги повлече Правилниците за условите и постапката за издавање одобрение за ставање во промет на генетски модифицираната храна (ГМО), донесени од Агенцијата за храна и ветеринарство, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

no-gmo-600x450Правилникот за ГМО во храната за животни на кој реагираа граѓански здруженија требаше да стапи во сила од вчера.
– Тоа се правилници на Агенцијата за храна и ветеринарство и согласно одлуката на Владата ќе бидат повлечени, што значи дека во оваа фаза ќе биде направено она што го побара јавноста – изјави Ставрески.

Како што претходно информира АХВ, Правилникот е во согласност со европската легислатива и со него се врши детално уредување на оваа материја, за да се елиминира опасноста од формирање на таканаречена сива зона и појава на евентуални манипулации со ставањето во промет на ГМО храната за животни.

Остави коментар