Се појавија првите ГМО банани, еве како да ги препознаете


Голем број од луѓето не обрнуваат внимание на налепниците кои се на кората на овошјето, туку инстиктивно ги одлепуваат пред јадење. Дури и кога ќе ги забележат, ретко кој знае што тие значат.

Но, тие таму не се без причина, објаснуваат експертите. Освен евентуално името на производителот на декларацијата треба да се најде и број кој открива важни податоци за начинот на кој е одгледано овошјето. Декларацијата првенствено се однесува на овошје кое е увезено.

Налепница со 4 броеви

Ако овошјето има декларација со четири броеви и почнува со бројот 3 или 4, значи дека е одгледувано со помош на вештачко ѓубриво, односно по земјоделски правила кои важат во последните 50-тина години. Лимонот на пример е означен со бројот 4033, додека бананите со бројот 4011.

Налепница со 5 броеви

Ако овошјето има пет броеви од кои првиот број е 9 тоа значи дека е органско. Таквата декларација е гаранција дека тоа овошјето е одгледано без пестициди и ѓубриво. На пример, органски одгледаните банани се со бројот 94011.

Првиот број на декларацијата е 8

Ова можеби е најважната декларација бидејќи претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава на основ на пет броеви, од кои првиот е секогаш 8. На пример овие банани на себе го имаат бројот 84011.

Остави коментар