Шпанец починал откако јадел ГМО-домат со ген од риба


Во ЕУ досега е засаден само еден генски модифициран плод, пченка, и тоа претежно во Шпанија. Токму таму неодамна беше потврден првиот смртен случај предизвикан од земањето генски-модифицирана храна.

gmo domatХуан Педро Рамос почина од анафилакса откако јадел од неодамна одгледаните домати кои содржат ген од риба, што предизвикало смртоносна алергиска реакција, пренесува „Ворлд њуз дејли репорт“. Изненадувачкото соопштение дојде по аутопсијата на 31-годишниот Шпанец, кој почина во болница во Мадрид на почетокот на јануари. Здравјето на младиот човек нагло се влошило откако добил необјаснива алергиска реакција и сите лекови употребени за контрола на анафилаксијата биле целосно неефикасни.

Тимот експерти тврди дека можеле да утврдат дека генски-модифицираните домати кои жртвата ги јадела за ручек биле причината за алергиската реакција која ја предизвикала неговата смрт.

Рамос на 7 јануари работел во магацин, кога по ручекот почнал да се чувствува лошо. Почнале да се манифестираат неколку симптоми, вклучувајќи и чешање, сериозно отекување на грлото и драстичен пад на крвниот притисок. Човекот кој и претходно имал алергии, брзо си инјектирал „епинефрин“, но неговата здравствена состојба продолжила да се влошува. Тој бил пренесен во болница, но медицинскиот персонал не можел да ја утврди причината за неговата алергиска реакција на време и ниту еден од вообичаените третмани или лекови не реагирал. Рамос починал само еден час откако бил хоспитализиран.

Медицинските истражители и форензичарите во болницата „Kарлос Трети“ морале да направат многу тестови и анализи пред да можат прецизно да утврдат што предизвикало Рамос да почине од алергиска реакција на морска храна, кога се што јадел пред неговата смрт било сланина, марула и сендвич со домат и сок. Сите биле запрепастени кога откриле дека доматот кој го изел, не само што содржел алергени поврзани со риба, туку и гени отпорни на антибиотици, кои ги спречиле белите крвни клетки да му го спасат животот.

– Најпрвин мислевме дека има некоја форма на загадување на неговата храна, од контакт со риба или морска храна за време на подготовката. Kога го тестиравме доматот, забележавме дека содржи алергени кои обично се наоѓаат во морската храна. Направивме многу анализи и сите потврдија дека доматот навистина бил изворот на алергените што го убиле Рамос – објаснува лекарот Рафаел Перез Сантамарина.

Случајот на Рамос е првиот смртен случај на човек кој е официјално потврдено дека е поврзан со консумирањето генски-модифицирана храна. Тоа е во контрадикторност со студиите за ГМО, кои заклучуваат дека таквите плодови што се на пазарот се целосно безбедни за јадење.

Масовно повлекување на доматите

Шпанското министерство за здравство, социјални служби и еднаквост, нареди доматите од португалско потекло што го заразиле младиот Шпанец да бидат повлечени и отстранети од продавниците и маркетите поради безбедносни причини. Повеќе од 7.000 тони домати беше најавено да бидат запрени во земјата од страна на инспекторите на министерството и службениците на јавното здравство.

2 Comments

  1. farmacefta says:

    Iskreno se somnevam i vo nashite domati,koi se plasiraat ova vreme na pazarite,zatoa shto se site so ist oblik,golemina i boja i se skroz bez nikakvo oshtetuvanje da gi gledash kako pufka ubavi no vnatre veruvam deka gi grize golem CRV narechen GMO,dodeka selskite domati se i pomalku tek-tuk i podskapani no tie se zdravi i so prekrasen miris i vkus.Samo po izgled mozat da se prepoznaat proizvodite,zatoa i ne me chudi mnogu shto denes vo drzavava imame dechinja od 3,4,5,5 godishna vozrast bolni so Kancer kako nikogash dosega od koi del vejkem i pochinaa,bashka brojot na dijabetichari sekojdnevno raste,zgolemena neplodnost kaj mladite i zeni i mazi kako nikogash dosega no vlasta si dremi za GMO hranata a od druga strana drzi predavanja kako zdravo da se hranel ovoj narod.Zarem so GMO proizvodi moze zdravo da se hrani i da bide zdrav?

Остави коментар