Што е генетски модифицирана храна (ГМО) – и зошто треба да сте преплашени (Видео)


Што се тоа генетски модифицирани организми?

Тоа се организми чиишто генетски материјал е променет меѓутоа, не природно, преку процесите на размножување.

Што е генетски модифицирана храна?

gmo3Оваа храна се добива со вметнување на генетски материјал од еден вид на друг вид, преку генетски инженеринг. Со тоа се овозможува пренесување на една карактеристика од еден на друг вид кои не се во сродство. Така на пример, ген земен од поларна риба е вметнат во доматите и јаготките за да не замрзнат.

Генетскиот инженеринг е револуционерна технологија со која се овозможува манипулација на гените. Со него научниците пренесуваат еден ген (кој припаѓа на еден вид) на друг вид (кој е несроден), за да добијат ново својство преку генетскиот код.

Најдобар пример за ова се посевите кои се отпорни на вируси откако со генетски инженеринг им биле додадени вирусни гени.

gmo1Голем број екологисти и научници постојано истакнуваат дека ваквите генетски модифицирани производи се штетни за нашето здравје. Генетски модифицираните производи предизвикуваат алергии, слабеење на имунитетот, лачат токсини, предизвикуваат сериозни оштетувања на самиот организам.

Голем број организации низ светот се обидуваат да ја подигнат свеста на населението за тоа како генетски модифицираната храна може да влијае врз самиот човек. За таа цел, тие имаат снимено неколку документарни филмови кои ја откриваат ужасната страна на генетски модифицираната храна.

Овој документарец открива свет кој повеќето од нас воопшто не ни знаеле дека постои. Исто така, тој предизвикува алармантни прашања за ГМО, за кои ние заслужуваме да го дознаеме одговорот.

„Monsanto“ е најголемата глобална компанија која произведува земјоделски производи: пестициди, хормони за растење на животните и генетско модифицирано семе на соја, пченка и други култури. Оваа компанија има создадено и некои од отровите кои се виновни за голем број болести како што се ракот, деменцијата и други.

Извор: fakulteti.mk

Остави коментар