Што велат законите за ГМО во Македонија


ЗАКОН ЗА ГМО  (Службен Весник на РМ 35/08)

 целиот закон во пдф формат на следниот – ЛИНК 

sluzben vesnik na rmСо овој закон се уредува управувањето со генетски модифицираните организми и комбинација од генетски модифицирани организми и производите коишто содржат генетски модифицирани организми и/или се состојат или потекнуваат од комбинација на генетски модифицирани организми вклучувајќи и генетски модифицирани организми како производ, мерките за спречување и намалување на можните негативни влијанија врз здравјето на луѓето и животната средина, како последица при ограниченото користење на генетски модифицирани организми, намерното ослободување на генетски модифицирани организми во животната средина или пуштањето на пазар на производи коишто содржат генетски модифицирани организми и/или се состојат или потекнуваат од комбинација на генетски модифицирани организми вклучувајќи и генетски модифицирани организми како производ, како и прекуграничното движење на генетски модифицирани организми и на производи коишто содржат генетски модифицирани организми и/или се состојат или потекнуваат од комбинација на генетски модифицирани организми вклучувајќи и генетски модифицирани организми како производ.

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ КОИ ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА (Службен Весник на РМ 54/2002)

Со овој закон се уредуваат условите за обезбедување на безбедноста на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, производството и прометот, правата и обврските на физичките и правните лица кои произведуваат или вршат промет, со цел да се заштити здравјето на луѓето, да се заштитат потрошувачите од заблуда и да се овозможи слободен промет на внатрешниот и надворешен пазар.

Одредбите на овој закон по однос на дозволените нивоа на катран и никотин, означувањето, рекламирањето и мерките на предупредување, се однесуваат и на тутунските производи

…за повеќе информации…

АМАНДМАН НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ КОИ ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК 84/2007)

ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

  • Одлука за основање на Комисија за управување со генетски модифициран организам (Службен весник на РМ 11/2009)
  • Одлука за основање на научен комитет за генетски модифицирани организми (Службен весник на РМ 11/2009)

Подрачја и површини на кои не може да се ослободува ГМО

Намерно ослободување во животната средина

  • Правилник за содржината на планот за вонредни мерки(Службен Весник на РМ163 /09,од1.12.200)
  • Правилник за содржината на информациите за спроведување на проценка на ризикот како резултат на намерното ослободување на ГМО(Службен Весник на РМ148 /09,од 14.12.2009)

Храна што содржи ГМО или храна произведена од ГМО

  • Правилник за посебни барања за безбедност на храна која содржи ГМО или храна произведена од ГМО (Службен Весник на РМ 78/08)

Остави коментар