СМК: Бара да се забрани ГМО во Македонија


Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара трајна забрана за производство и увоз на генетски модифицирани (ГМО) семиња и животни, како и ГМО-храна за луѓе и животни на територијата на Република Македонија и преиспитување на законите и подзаконските акти во оваа смисла.

No GMOСМК бара зголемена контрола на здравјето и животот на луѓето и животните во Македонија и на безбедноста на потрошувачите со континуиран инспекциски надзор, детекција и забрана на ГМО храната и семенски материјал.

-ГМО-посевите и ГМО-храната во светот ги смета за опасни и агресивни за околината и потенцијално штетни за човековото здравје. СМК смета дека Македонија треба да промовира органска храна и органско земјоделско производство, како важен дел на македонскиот одржлив развој, Македонија мора да ги проширува производните површини сертифицирани за органско производство- се вели во соопштението.

СМК го отфрла законодавството на Европската Комисија за користење на семенски материјал што ги забранува домашните автохтони сорти, сметајќи ги ваквите одлуки за економски колонијализам во интерес само на неколку големи мултинационални компании, а погубно за македонските земјоделци и граѓаните.

Топ Пост

Остави коментар