Сникерс, Кока Кола, Пепси, Хелманс – Листа на Гринпис на ГМО производи


На долгата листа се најдоа и познати марки на детска и бебешка храна, како и млеко во прав кое се користи како замена за мајчино млеко. Сникерс, Липтон чај, Твикс, Милки Веј, Несквик, Кока-кола, Спрајт, Фанта, Пепси, Кнор сосови, Хелманс мајонез, зачини, сосови, храната во Мекдоналдс… се генетски модифицирани?

Ова го тврди светското здружение на екологистите Гринпис.

Сите овие производи ги има и по рафтовите на македонските продавници, но иако важат за најпродавани, а истовремено и поскапи марки речиси никој од купувачите не е информиран за тоа.

Не паѓајте на искушението од овие производи. Сетете се дека нашите баби, дедовци, родители живееле без нив, и секако најважно од се преживеале, а многумина од нив и сеуште живеат.
Хранете се здраво – живејте здраво!

Листа на производители на производи со ГМО објавени од страна на Гринпис (Greenpeace):

gmo21 – Snickers
2 – Кемпбел супа
3 – Ориз Uncle Bens Mars
4 – Lipton чај
5 – М & М Mars
6 – Twix
7 – Milky Way
8 – Cadbury (Кадбери) чоколадо, какао
9 – Фереро
10 – Nestle чоколадо
11 – Nestle Nesquik Чоколаден Пијалок
12 – Газиран пијалок Coca-Cola
13 – Sprite, Fanta
14 – Pepsi-Cola
15 – 7-Up
16 – Сосови Knorr
gmo-foods17 – Колачињата Пармалат
18 – Зачини, мајонез, сосови Hellman’s
20 – Зачини, мајонез, сосови Heinz
21 – Детски пијалок Nestle
22 – Hipp
23 – Abbot Labs Similac (млеко во прав за бебиња)
24 – Јогурт, кефир, сирење, детски напиток Денон
25 – Мекдоналдс ,мрежа на ресторани за брза храна
26 – Чоколада, чипсови, кафе, детски напиток Kraft
27 – Кечап, сосови. Heinz Foods
28 – Детски пијалаци, „Delmi“ Unilever

Генетскиот инженеринг им овозможува на научниците да создадат растенија, животни и микроорганизми преку манипулирање со гени во начинот на кој се менува составот на природните нешта.

Овие генетски модифицирани организми (ГМО) може да се прошират низ природата и да се вкрстат со природните организми, а со тоа придонесуваат во загадување на чистата животна средина за идните генерации и се случува непредвидлив и неконтролиран начин и насока на развој.

gmo2

Нивната дистрибуција е “генетско загадување” и голема закана за здравјето на луѓето, затоа што ГМО не можат да бидат повлечени откако еднаш ќе се испуштат во животната средина. Заради бизнис интересите, јавноста се скратува со правото да знае за ГМО состојките во ланецот на исхрана, а со самото тоа го губи и правото да ги исфрли од исхраната истите.

Биолошката разновидност мора да биде заштитена и почитувана како глобално наследство на човештвото, и еден од клучевите за нашиот опстанок на планетата. Многу влади се обидуваат да се справат со ГМО заканата преку меѓународни прописи, како што е протоколот за биосигурност, но ние не треба да заборавиме дека зад ГМО лобистите стојат многу пари и голема корупција што се обидуваат да “протуркаат” закони кои ќе им дозволат да ги продадат своите производи, секако на сметка на народот и неговото здравје.

Повеќе инфо на –

gmoguide.greenpeace.ca

Остави коментар