Срби направија ГМО компир – му ставиле бактерија која предизвикува тумори, а тврдат дека не е опасно


Српските научници од Институтот за биолошки истражувања на Универзитетот во Белград, генетски модификувале два вида на компири со гени на ориз. Тие, како што тврди африканскиот весник за биотехнологија од Најроби, во соработка со Лабораторијата за молекуларни билки и патологија од Бетсвил во САД, во компирите вметнале гени од ориз.

gmo kompir„Тоа го направиле на тој начин што домашниот компир го заразиле со бактеријата „Agrobacterium tumefaciens“, која предизвикува тумор кај 140 видови на растенија. Користеле три вида на бактерии кои биле носители на делови од ДНК на ориз. Носител на проектот бил со број 143,026 од страна на Министерството за наука и технологија. Растенијата од 2010 година се умножени и се чуваат во специјални услови“, изјавил неименуван извор.

Тој тврди дека добиените примероци од изменетиот компир се чуваат во лабораторија. Славица Новаковиќ, која беше дел од тимот кој е вклучен во проектот, потврдува дека на двата вида на компири се извршени експерименти, но исто така додава дека методот е сосема безопасен.

potato

„Оваа бактерија е вектор кој ги пренесува гените и тоа е целосно безопасен метод. Неминовно е нивно изолирање и чување во лабораторија затоа што растенијата не можат да преживаат во сегашните услови на живот и далеку се побезбедни, за разлика од употребата на пестициди кои се користат за заштита од микроорганизми, габи, или пак сушни периоди. Тоа не е голема работа, но е нужно зло. Генот кој е изолиран од ориз, на пример е направен да ги спречи штетниците“, вели Славица Новаковиќ.

Во српското Министерство за образование и наука потврдуваат дека Министерството за наука го финансира споменатиот проект и истражувањата на компирите во лабораториски услови.
Славица Новаковиќ не негира дека „Agrobacterium tumefaciens“ предизвикува тумори кај растенијата, но тврди дека тие не се опасни.
„Туморите кои бактериите ги предизвикуваат на растенијата не се опасни, затоа што се бенигни“, вели Новаковиќ и додава дека семето на генетски модифицираниот компир не се користи на српскиот пазар, затоа што проектот е во експриментална фаза.

Остави коментар