Србија има неколку илјади хектари со ГМО-соја БЕЗ ДА ЗНАЕ


Во Србија се одгледуваат неколку илјади хектари ГМО-соја, спротивно на српскиот закон кој забранува одгледување такви растенија и нивно ставање во промет за сточна и за човечка исхрана, јавува „Б92“.

soy– Во Србија и денеска имаме неколку илјади хектари засадени со ГМО-соја, која со години се одгледува, а надлежните државни органи воопшто не реагираат и не ја уништуваат, како што тоа минатата година го направи Унгарија кога уништи неколку илјади хектари ГМО-пченка, палејќи ја со напалм – изјави агроекономистот Милан Шеварлиќ.

Тој напоменува дека Србија нема контрола над ГМО-сојата што доаѓа на фармите за сточна храна или влегува во дистрибуција за правење сточна храна за пазарот, ниту постојат јавни податоци за количината увезена од САД, Бразил, Аргентина и од други земји, а сè поголем е бројот на производи на кои не е назначено дека содржат суровини од ГМО, како што се производите од Црна Гора, БиХ и Македонија – изјави Шеварлиќ.

Телеграф

Остави коментар