Три милиони луѓе низ целиот свет на протест против генетски модифицираните организми (ФОТО+ВИДЕО)


Три милиони луѓе во повеќе од 500 градови во 57 земји во светот се придружиле  на 12 октомври, на вториот светски „Марш против Монсанто“ (March Against Monsanto). Организаторите најавиле и трет „Марш против Монсанто“ за 24 мај 2014 година, пренесува Раша тудеј.

Американската компанија Монсанто е лидер во производството на генетски модифицирана храна. Генетски модифицираните организми (ГМО) засега се главно растенија кои се користат во исхраната на луѓето и животните (стоката), но иднината на ГМО лежи во модифицирањето на животинските видови наменети за исхрана на луѓето. Противниците на ГМО тврдад дека тоа е чист отров.

„Прашање на нашата иднина и слобода на преживување“


„Не марширате само против Монсанто. Марширате бидејќи сте загрижени за животот на Земјата, за биолошката различност, за вашата лична слобода – да можете да сеете семе од растенија кои сами сте ги одгледале на своите фарми и да можете да јадете храна за која знаете од каде потекнува и дали е ГМО. Тоа се основни слободи“, им порачала на демонстрантите низ целиот свет д-р Вандана Шива, индиска научничка и еколошка активистка, која тврди дека слободата дадена на Монсанто занчи смрт на демократијата и науката.


„Не можеме да си дозволиме уништување на науката, не можеме да дозволиме уништување на демократијата, не можеме да дозволиме смрт на нашите фармери, кои вршат самоубиства уништени од монополот на Монсанто, не можеме да си дозволиме заболувања на нашите деца од непоснати болести предизвикани со конзумација на ГМО. Тука во прашање се нашата иднина и слободата на преживување“, кажала меѓу другото д-р Шива.

Жртви се растителните видови, животните, луѓето…


Истражувањата покажале дека последиците на генетскиот инженеринг освен автохтоните растителни видови, кои буквално изумираат под наездата на ГМО, ги чувствуваат и животните и луѓето.

Демонстрантите против ГМО така, меѓу другото, им одале чест на „паднатите соборци“ пчелите, чиј број сѐ повеќе се намалува поради примената на силните хербициди и пестициди на кои ГМО растенијата се отпорни, а чие изумирање, според зборовите на научниците, значи и изумирање на човештвото.

Еден од црните примери е Кина, каде се повеќе провинции каде пчелите биле истребени со пестициди сега годишно трошат милиони на рачно запрашување. Но може ли човечката рака да го замени она што природата го создала?

Дали цената на животот е поголема од цената за означување на ГМО?


Задолжителното означување на ГМО храната ќе ги зголеми нејзините цени, но сѐ уште не се знае за колку. Проценките се дека на годишно ниво износот кој четиричлено американско семејство го издвојува за храна пораснал за 450 американски долари.

Нормално, и самите проверки дали некоја храна е ГМО чинат пари. Научниците од Академијата за науки во Вашингтон неделава истакнале дека не се знае колку ќе чинат проверките и означувањето на ГМО храната, но јасно е дека не станува збор за едноставна и евтина постапка.

Додека заговорниците на ГМО како главен аргумент ги истакнуваат цените и трошоците, противниците прашуваат – дали човечкиот живот сепак вреди повеќе?

„Ќе ви го продадеме проблемот, а потоа ќе ви го продадеме и решението“

„Тие лажат за своите цели. Тврдат дека ГМО храната ќе помогне во решавањето на проблемот со гладта во светот. Но, вистината е дека ГМО храната е ништо повеќе од бизнис стратегија. Генетски се модифицираат растенијата за да издржат поголеми количества пестициди од нивно производство, додека „нормалните“ видови растенија со тие пестициди се истребуваат“, истакнуваат организаторите на „Маршот против Монсанто“.

„Нивната вистинска цел е да ги контролираат светските резерви на храна. Ако мислите дека сето тоа е теорија на заговор, проверете го списокот на храна што содржи ГМО. Тоа се веќе 90 или повеќе отсто од храната во нашите продавници. А никој не знае како тоа се случило“, додаваат тие и порачуваат дека вистинското мото на Монсанто е: „Ќе ви го продадеме проблемот, а потоа ќе ви го продадеме и решението“.

ГМО пченката на Монсанто предизвикува тумори кај стаорците


Досегашните истражуваеа покажале дека ГМО храната предизвикува тумори, откажување на органи, неплодност… На тоа дополнително придонесува отпорноста на ГМО растенијата на големи количества пестициди кои преку ГМО се внесуваат во организмот.

Минатогодишно истражување на француски научници открило дека стаорци хранети со ГМО пченка која ја продава американската компанија Монсанто заболеле од тумори и други компликации кои вклучуваат нарушувања на бубрезите и црниот дроб.

Истражувачите од универзитетот во Каен утврдиле дека стаорците хранети со НК603 пченка умреле многу пред тие што не ја конзумирале. Тој вид е создаден да биде отпорен на пестицидот на Монсанто за уништување плевел, а на стаорците им биле давани количества дозволени со американските закони.

Што сѐ може да се купи со парите?

Додека противниците на ГМО договорите со Монсанто ги нарекуваат „договори со ѓаволот“, корпорацијата многу лесно ја купува поддршката. Тие минатата година донирале повеќе од 4,2 милиони долари на групацијата „Не за 37“ (No on 37), која е здружение на американски групи кои се противат на предлог законот со кој сета ГМО храна во Калифорнија би морала да се означува со посебна ознака. Монсанто не е единствениот кој донирал пари на оваа организација, туку свој прилог дале и Нестле, Кока Кола, Јакобс, Дау агросајенсис и Пепси.

Izvor – MKD.MK

Остави коментар