Тумори, рак, деформации – еве го истражувањето на глувци хранети со ГМО (Видео)


Глувците кои цел живот се хранети со генетски модифицирана (ГМ) пченка на американската биотехнолошка компанија „Монсанто“, или биле изложени на средстовото против коров „раундап“ на истиот производител, страдале од тумор и оштетување на повеќе органи, објави тим француски експерти.

Rat-Tumor-Monsanto-GMO-Cancer-Study-3-WideЖил Ерик Сералини и колегите од Каенскиот универзитет тврдат дека лабораториските глувци се хранети со ГМ пченка NK603 (генетски изменета за да биде отпорна на средството против коров „раундап“), или пиеле вода „збогатена“ со „раундап“, угинувале порано отколку глувците од контролната група, кои нормално се хранети.

Животните на „ГМ исхрана“ често страдале од тумор на дојка и тешки оштетувања на црниот дроб и бубрезите.

Меѓу мажјаците порано отколку вообичаено угинале 50 отсто од животните, а меѓу женките 70 отсто, додека во контролната група тој процент е 30, односно 20 отсто.

Критичарите на ГМ посевите истакнуваат дека светот во најмала рака има ограничени информации за нивното долгорочно влијание, бидејќи постојат нешто повеќе од 15 години.

Истражувањето на Сералини и колегите има голема тежина, бидејќи, исто така со него е опфатен целиот живот на глувците (околу две години), додека за одобрување на некои ГМ култури се смета доволно животните да се хранат со нив само 90 дена.

Остави коментар