Увезената храна прво во лабараторија после во чинии – контроли кај на


Производството на генетички модифицирани култури од година на година се зголемува. Во 1996 година на глобално ниво биле засеани на површина од 1,7 милион хектари, а во 2012 година дури на 170 милиони хектари

ГМО храната станува реалност на која треба да се приспособимеВРШИНИТЕ

gmo-01Голема е веројатноста дека увезените производи и земјоделски култури од САД, Аргентина, Кина и од Канада се генетички модифицирани, па затоа при нивниот увоз тие треба да се испитаат за да се види нивниот состав и квалитет, порачува проф. д-р Љупчо Јанкулоски, генетичар од Факултетот за земјоделски науки и храна при универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“. Инспекторите на Агенцијата за храна досега ниту еднаш лабораториски не провериле дали во храната на македонскиот пазар има генетички модифицирани организми (ГМО), т.е. дали јадеме ГМО-храна. Во исто време не се проверува дали во производи има ГМО-состојки, а тоа да не е декларирано.

Научниците, како и експертите за храна, имаат поделени мислења за тоа дали е штетна употребата на ГМО. Така размислуваат и потрошувачите, па точното декларирање ќе им значи на противниците на ГМО, кои ќе знаат што точно купуваат.
Проф. Јанкуловски предупредува дека се зголемуваат површините во светот со ГМ-растенија.

Да се испита составот

inspek– Во САД од вкупно засеани површини со соја (28 милиони хектари), 91 отсто се ГМ. Пченката во САД се одгледува на 30 милиони хектари, од кои 85 отсто се ГМ, а ГМ-шеќерната репка зазема 95 отсто од вкупно засеаните површини со шеќерна репка (450.000 хектари). Во Аргентина, ГМ-пченка се одгледува на 85 отсто од вкупно засеаните површини со пченка (2,5 милиони хектари), а ГМ-соја се одгледува на 99 отсто од површините засеани со соја (17,5 милиони хектари). Во Канада на 65,5 отсто од 1,1 милион хектари со соја се одгледува ГМ-соја, а ГМ-маслодајна репка се одгледува на 95 отсто од вкупните површини со маслодајна репка (6,5 милиони хектари). Вкупното производство на ГМК во Кина е на околу 4 милиони хектари, главно памук, домат и пиперка – информира професорот.

Со воведувањето на генетички модифицираните култури во производството во 1996 година, производството на ГМ-култури од година на година се зголемува. Во 1996 година на глобално ниво биле засеани на површина од 1,7 милион хектари, а во 2012 година на 170 милиони хектари. Само од 2011 до 2012 г. зголемувањето на површините со ГМК е за 10,3 милиони хектари. Очекувањата се дека трендот на зголемување на површините со ГМК ќе продолжи и во иднина.

Добиените резултати од користењето генетички модифицирани организми во храната се драгоцени за генетиката, особено за разбирање на генетичката структура на комплексните гени, нивната експресија и наследувањето, смета проф. Јанкулоски.

Се користат гени од бактерии

Тој смета дека без оглед на тоа дали станува збор за храна што е добиена со класичните методи на генетика и селекција или со употреба на генетичко инженерство, треба да се испита составот на храната во референтни лаборатории и истите тие да дадат мислење дали храната ги задоволува критериумите за здрава и безбедна храна.

583401-Foodpoisoning-1375074529-851-640x480Најчесто, генетички модифицираните култури, толерантни на хербициди, се добиени со внесување специфичен ген од Agrobacterium tumefaciens (почвена бактерија што има ген за отпорност кон хербицидите со активна материја глифосат) или со внесување ген од Streptomices spp. (бактерија што има ген за отпорност кон хербицидите со активна материја глуфосинат). При користење хербициди, кои имаат активна материја глифосат или глуфосинат, се сузбиваат сите плевели во посевот, а генетички модифицираната култура има отпорност кон хербицидите и продолжува да вегетира.

Секоја земја пред да донесе одлука за одгледување генетички модифицирани култури треба да направи процена на ризикот од нивно одгледување за да се утврдат можните последици од нивното користење.
– Фактот дека од година на година производството се зголемува ни говори за една реалност на која треба да се приспособиме. Досега нема доволно научно поткрепени сознанија за негативниот ефект на ГМО-храната и затоа не треба таа да се класифицира како небезбедна или нездрава без претходно да се испита – додава професорот.

Додека едните научници велат дека ГМО-храна ќе го спаси светот од глад, други алармираат дека нејзиното производство може е заговор против човештвото, изигрување господ, ќе предизвика масовна појава на рак, намалување на плодноста, колапс на еко-системот, зголемена смртност на идните генерации. Повеќето се согласуваат дека нема доволно научни сознанија за ефектите од користењето на ваквата храна и многу е краток периодот од само петнаесетина години за прецизно да се утврдат последиците од нејзината примена.
Државите одлучуваат каква политика ќе спроведат во однос на нејзината употреба.

Контроли во државата од 1 јануари

Во Агенцијата за храна и ветеринарство за „Нова Македонија“ пред извесно време потврдија дека досега кај нас не се правени лабораториски анализи за тоа дали има ГМО во храната на пазарот. Такви проверки се планираат за 2014 година, на околу 100 примероци што ќе се изберат по случаен избор. Ако се утврди дека некој производител употребил ГМ, а не го навел тоа на декларацијата, се соочува со казна од 5.000 евра.
– Во фаза на преговори сме со лабораторијата на Факултетот за земјоделски науки и храна, за тоа кои се можностите за испитување – изјави Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата.

Автор: Антонија Поповска-Христов Наташа Бошковска-Златкова за Нова Македонија 

Остави коментар