Во Македонија е дозволено ГМО храна со закон уште од `98 – но сепак тврдат немало ГМО храна


Нема храна со ГМО, нема ниту такви посеви, уверуваат надлежните од Агенцијата за храна, но од Министерството за животна средина признаваат дека Законот за ГМО од 2008 година с` уште не се спроведува целосно.

Според овој закон ГМО храна и семиња се дозволени во Македонија но мора претходно да се добие дозвола и да се почитуваат  законски пропишаните барања.

Целиот закон на следниот – ЛИНК 

gmo mapa makСпоред надлежните, во Македонија, ГМО-состојките евентуално може да се најдат во кондиторски производи, кои во својот состав имаат пченка, соја и сл. Сепак, не е јасно врз основа на што надлежните тврдат дека не јадеме ГМО затоа што не се спроведува контрола што може тоа да го потврди, односно се верува на декларациите.

Во Агенцијата за храна велат дека во Македонија нема храна што содржи ГМО, а не се увезува ниту таква храна за животни.

– До Агенцијата за храна и ветеринарство досега не е доставено барање за ставање во промет на ГМО-храна. Нашите инспекторите при вршење на редовните контроли го контролираат и декларирањето и задолжително се проверува дали храната која е во промет е означена дека содржи ГМО. Агенцијата досега нема податоци дека на пазарот има производи што содржат ГМО, односно кои не биле декларирани на соодветен начин – велат во Агенцијата, за Дневник..

Во Македонија има две лаборатории во кои може да се контролира дали има ГМО во храната, на Факултетот за земјоделство и во МАНУ. Според она што досега го изјавиле надлежните во лабораторијата на Факултетот, државните институции не пројавиле интерес за соработка, а контрола дали некој производ има ГМО засега побарале само некои приватни компании.

gmo1Познавачите сметаат дека на производите од земјите од ЕУ може да им се верува на декларациите затоа што храната подложи на строги контроли, а обележувањето на ГМО е задолжително.

– Проблем е храната или состојките што се увезуваат од САД, Kанада, Австралија, Kина, Аргентина и од други земји, кои не се потписнички на Kартагинскиот протокол и каде што не се обележува ГМО во составот. Со оглед на слабата контрола кај нас, не можеме со сигурност да тврдиме дека не јадеме ГМО – велат познавачите.

ГМО настанува кога се мешаат гени на животни (бубашваби, риби, жаби, бактерии или луѓе) со растенија. Тоа не се хибриди што се добиваат со мешање на две растенија. ГМО не може да настане природно, па нашиот организам ги препознава како туѓо тело и реагира со создавање автоимуни болести.

35 земји на масовен протест против ГМО храната – и Македонија се вклучува

 

1 Comment

  1. sto za GMO says:

    vo nisto nemozes da bides siguren vo ovaa (ne)drzava, vo koja se uste se e korumpirano.eve eden primer rabotev vo mesna industrija vo koja mesoto i ako doaga od juzna amerika kanada i dr. drzavi,ne se proveruvase pred da vleze vo MKD.bidejki veterinarite bea potplateni od gazdata da go propusti mesoto kako ispravno iako lesno mozese da se vidi i da se oseti po miris deka e ne ispravno.dali zivotnite bile hraneti so GMO hrana toa e uste po nebitno nitu za inspektorskite sluzbi,a uste pomalku za gazdite,site gi interesira samo profitot i koga na takvo meso mu dodades vestacka boja zacini i red drugi zarzavati moze da zamislime kakvo prerabotena hrana jademe.a jademe,lugeto cekaat na red da kupat od vakvite proizvodi.nesvesni deka vakvata hrana e eden od glavnite priciniteli za pojava na razni bolesti,pred se na rakot.

Остави коментар